На едно сосема друго ниво: Злато, гепарди и оружје - Ова се богатите деца од Саудиска Арабија!

Пишува: Точка

Како што сме виделе повеќе пати досега, на Инстаграм постојат голем број на профили кои го прикажуваат луксузниот живот на многу богаташи ширум светот. Сме ги виделе богатите деца од Русија, Техеран, Швајцарија и Лондон, а сега дојде редот и на Саудиска Арабија.

Не е тајна дека Саудијците имаат многу висок животен стандард, но профилот на Инстаграм кој покажува како живее саудиската побогата младина, ги прикажува со златно оружје и опасни миленичиња.

На социјалните мрежи може да се види како изгледа животот на децата кои имаат пари за фрлање, а многу слични профили станале хит на интернет.

Тоа што ги разликува Саудијците од богаташите од Швајцарија или Лондон се домашните миленици. Овие наследници повеќе сакаат егозтични животни и обично бираат гепарди, тигри, мајмуни и птици грабливци.

Сакат се што е златно, вкучувајќи и автомобили и автоматско оружје.
Заедно со неброените луксузни автомобили, саудиската "златна младина" сака да се пофали и со лични авиони. Малку е да се каже дека дури и авионите им се позлатени...

No comments

Powered by Blogger.