Поради него може да започне Светска нуклеарна војна: Еве зошто Ким сака да го нападне баш Гуам

Пишува: Точка

Малиот остров на Пацификот, Гуам, овие денови е во центарот на вниманието, а 160.000 жители кои го населуваат се во страв дека би можеле да станат жртви на судирот меѓу САД и Северна Кореја.

Гуам од 1898. година е американска територија, и тоа само по себе е доволем мотив за напад на Ким Јонг Ун, но не и единствен. Најблиско населено место до Гуам е Микронезија, оддалечена на околу 1.000 километри.



Гуам е најблиска американска територија до Северна Кореја, оддалечена на околу 3.000 километри, а ударот би бил чиста демонстрација на сила, провокација на Пјонгјанг, но и доказ дека нуклеарното вооружување на таа земја е во константен раст.

Пред неколку дена, Washington Post објавил дека Северна Кореја направила минијатурна нуклеарна боева глава, која може да ја собере во ракета, а дека во таа земја има вкупно 60 нуклеарни уреди.



Втора многу важна работа за Пјонгјанг е американската воена база во Гуам опремена со систем "THAAD" - "Terminal High Altitude Area Defense", кој може да пресретне ракети и во која има американски бомбардери "B-52", кои имаат можност да носат боеви глави, како и 7.000 војници.

Властите во Северна Кореја претставиле детален план за лансирање на балистички раети во водите околу Гуам во Пацификот. Планот, кој подразбира дека балистичките ракети ќе удрат во вода на 30 или 40 километри од Гуам, следната недела ќе му биде претставен на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, кој потоа ќе донесе одлука за понатамошните чекори.



Јапонија и Јужна Кореја ветиле силна реакција, доколку Пјонгјанг продолжи со тој план, а таков потег речиси сигурно ќе ги принуди САД да ги пресретнат ракетите, што би можело да дојде до ескалација.

Жителите на Гуам, кои инаку немаат право на глас на изборите во САД, но се Американци по раѓање, се во страв од можни судири.

No comments

Powered by Blogger.