Англиските медиуми пишуваат за афера меѓу Ѓоковиќ и готвачката на сестрите Вилијамс, поради која му пропаѓа бракот со Јелена

Пишува: Точка

Интересно е дека ваквата вест се појавува во Англија токму во моментот кога Џоковиќ на Вимблдон игра одлично.

Новак Ѓоковиќ одиграл одлична прва седмица на Вимблдон и делува како повторно да се вратил во онаа своја стара препознатлива форма, кога бил непобедлив и владеел со светот на тенисот. Сепак, кога почнале победите и одличната игра, веднаш се појавила нова "афера", која англиските медиуми ја пуштиле во етерот. 



Сега во прв план ја ставиле готвачката на сестрите Вилијамс, Лорен Фон дер Пул, која е експерт за здрава храна и која своевремено на Ѓоковиќ му давала совети околу веганската исхрана, која ја практикуваат и Серена и Венус.



Сепак, Британците не застануваат на тоа, туку истакнуваат дека токму поради атрактивната Лорен настанале брачните проблеми меѓу Новак и Јелена. Тврдат дека Новак и Лорен често излегувале заедно на забави и дека Јелена поради тоа била бесна на својот сопруг.



Медиумите пишувале и дека биле на работ на развод, а наводно тоа било и проблемот во игрите на Новак во последната година, бидејќи не можел да се концентрира на теренот. Сепак, Новак и Јелена тоа го демантирале на најдобар можен начин, и нема сомнеж дека во бракот им е одлично, бидеќи чекаат второ дете.



И самата Лорен демантирала дека има било каква афера со Новак, освен тоа што како пријатели некогаш излегувале заедно, како и дека му помагала околу исхраната.



"Новак е многу кул, згоден човек, но јас му помагав бидејќи го сметам за пријател, ништо друго. Меѓу другото, не сум јас таков тип на девојка", рекла Лорен Фон дер Пул, која ги прокоментирала и ноќните излегувања со Новак.



"На крајот на краиштата, убаво е да се забавуваш", кратко рекла Лорен.



Според спрките медиуми, овие текстови се поврзани со добрите игри на Новак, бидејќи англиските таблоиди имаат долга историја на напади на Ѓоковиќ. Најдобар одговор на српскиот тенисер ќе биде ако го освои Вимблдон по 4. пат и го турне Мареј од првото место. 






No comments

Powered by Blogger.