Кајли Џенер ќе стане милијардер: Колку вреди нејзиното козметичкото царство?

Влијанието на Кајли Џенер стана толку големо, што сè што ќе создаде, се продава со брзина на светлината.
kajli-djener-kje-stane-milijarder-kolku-vredi-nejzinoto-kozmetichko-carstvo-01.jpg
Пишува: ЦрноБело
Секоја серија од познатите Lip Kits од нејзиниот козметички бренд Kylie Cosmetics се распродава онлајн за нецели 10 минути!

Колку всушност вреди целото нејзино козметичко царство?

Според експертите за продажба од Women’s Wear Daily, Кајли заработува неверојатни 420 милиони долари за година и пол. Тие велат дека успехот на нејзиниот бренд ги надмина и познатите светски брендови кои постојат со години, како што се Bobby Brown и Lancome.

Според нив, козметичкото царство на Кајли ќе достигне вредност од 1 милијарда долари до 2022 година, сума која брендот Bobby Brown успеал да ја стигне за 25 години, додека на Lancome му требале цели 80 години.


Во меѓувреме, царството на Кајли секојдневно се проширува со нови производи. За роденденската колекција која излезе на 1 август, Кајли заработи 10 милиони долари за еден ден.

Од брендот се надеваат дека наскоро ќе излезе линија на пудри и коректори, што дополнително ќе го зголеми салдото на Џенер.

No comments

Powered by Blogger.