Принцот Хари открил што навистина го мачи: На мајка ми и кажав грозни работи, никогаш нема да го прежалам нашиот последен разговор

Пишува: Точка

Документарецот со име "Diana, Our Mother: Her Life and Legacy", кој примерно ќе биде прикажан на британската телевизија, носи никогаш слушнати исповеди на синовите на Дајана, принцовите Вилијам и Хари.

Браќата целосно ја отвориле душата во најемотивното и најискрено интервју за нивната никогаш прежалена мајка, а пред камерите покажале и никогаш видени фотографии од своето детство. Едно од најголемите откритија е нивното признавање дека уште ги прогонува последниот телефонски разговор со својата мајка. Им се јавила од Париз неколку часа пред кобната несреќа во која загинала.



"Уште ме прогонува тој телефонски разговор. Тоа е нешто со кое што ќе морам да се носам до смрт. И кажав грозни работи бидејќи сакав порано да го завршам разговорот и да одам да си играм со роднините", рекол принцот Хари, кој тогаш имал 12 години.



Вилијам раскажал дека секогаш го чувствува присуството на својата мајка, а тоа чувство било посебно силно на денот на неговата венчавка. Иако имал само 15 години кога Дајана загинала, Вилијам ги чува сите сеќавања од својата мајка, а на своите деца, Џорџ и Шарлот, често им раскажува за нивната покојна баба, за која е сигурен дека "ќе ги сакала најмногу на светот".



Принцезата Дајана загинала на 31. август 1997. година, а Британија се подготвува да ја обележи 20-годишнината од таа трагедија.


No comments

Powered by Blogger.