Уапсен саудиски принц, бил снимен како мачи човек!

Пишува: Точка

На еден видео клип, кој е прегледан повеќе од 760.000 пати, се гледаат 18 шишиња виски "Johnnie Walker Red Label" маса и пари.

Саудискиот принц Сауд бин Абдулазиз бин Мусаед бин Сауд Абдулазис бил уапсен откако биле објавени видео снимки на кои наводно се гледа како мачи едно, а вперува пушка во друго лице.

Кралот Салман наредил принцот да се уапси и испраша во средата, ден откако краткото видео било објавено на ЈуТјуб и споделувано на Твитер, на кое се гледа како наводно вперува пушка во маж, кој крвари од главата, пренесува AP.

На еден клип, кој е прегледан повеќе од 760.000 пати, се гледаат 18 шишиња виски "Johnnie Walker Red Label" маса и пари.

потсетува дека во Саудиска Арабија е забранета продажба и консумација на алкохол .

На друго видео се гледа маж кој седи во автомобил и крвари и се слуша како го пцујат бидејќи се паркирал пред куќа.

На уште една снимка се гледа истата личност, за која се верува дека е принцот, како удира маж кој седи на столче.

Саудиската државна телевизија во средата објавила дека кралот на таа земја наредил да се спроведе целосна истрага за инцидентите и апсењето на принцот, како и сите негови помошници кои се појавуваат на снимките.

Тој наредил ниедно лице кое е вмешано во случајот да не биде пуштено додека судот не донесе пресуда во склад со шеријатските закони на таа земја.

No comments

Powered by Blogger.