Се појавила снимка од вечера на Трамп со "најбогатите луѓе од Русија" кои се вмешани во скандалот со неговиот син

Пишува: Точка

"Јас сакам Руси", се слуша како Трамп вели на снимката.

Телевизијата CNN, објавила снимка од средбата на претседателот на САД, Доналд Трамп, со рускиот бизнисмен Арас Агаларов во 2013. година во Лас Вегас.

Арас и Емин Агаларов, татко и син, имале заедничка работа во Москва со Трамп, бидејќи таа година во руската престолнина бил одржан изборот за Мис Универзум. Имено, Трамп, кој го откупил правото на организација на тоа натпреварување, подоцна престојувал во Москва како почесен гостин. Организаторите биле токму Агаларови, пренесува Sputnik.
Потсетуваме, пред неколку дена во САД се појавил нов скандал, кога било откриено дека синот на претседателот Трамп, Доналд Трамп Помладиот, се состанал со руската адвокатка Наталија Весељницкаја за време на претседателската кампања минатата година, која наводно му понудила компромитирачки информации за Хилари Клинтон.

Тој состанок, како што пишуваат тамошните медиуми, го организирал Роб Голдстоун, кој изјавил дека тоа го направил на барање на својот клиент од Москва, текстописецот и бизнисмен, Емин Агаларов.

Целиот овој случај и натаму е под активна истрага.
Судејќи по квалитетот, снимката е приватна. На состаноците присуствувале американскиот продуцент Роб Голдстон, сегашниот личен консултант на претседателот на САД, Мајкл Коен и Кит Шилер. На снимката Трамп зборува за Араш и неговиот син Емин како "за најмоќни луѓе во Русија".

No comments

Powered by Blogger.