Вознемирувачки фотографии направени неколку секудни пред детонација: Жена се разнела држејќи бебе во рацете за да убие војници


Се појавила фотографија од жена која во Мосул, држејќи го во раце своето бебе, детонирала бомба за да убие ирачки војници.

На фотографијата се гледа како жената го држи своето бебе, додека, како што се чини, се обидува да побегне од борбите кои го окупирале нејзиниот град. Истрагата по експлозијата во Мосул покажала дека жената покриена со бурка, покрај дете, носела и детонатор. 


Се сокрила меѓу цивилите и детонирала бомба 

Оваа фотографија настанала само неколку моменти пред оваа терористка да се разнесе себеси заедно со детето во раце, додека минувала низ местото каде биле ирачките трупи. 

Жената одела во насока на новоослободениот простор во градот со група цивили кои бегале. Се обидела да го детонира експлозивопт додека минувала крај војниците, но бомбата не експлодирала до неколку моменти подоцна, кога жената веќе малку се оддалечила, рекол камерман на локалната телевизија. 


Притоа загинала таа, нејзиното дете, и двајца војници, а неколку цивили биле повредени во експлозијата. 

Повеќе од 20 жени се криеле меѓу цивилите. Се верува дека чекале можност за активирање на експлозивот веќе две седмици: Еден генерал рекол дека ги користат своите деца како штит. 


"Тие жени се борат додека децата се крај нив. Поради тоа не сакаме да вршиме воздушни напади. Да не е тоа, ќе бевме готови во само неколку часа", рекол командантот Сами ал Ариди. 

Ирачките власти и официјално го прогласиле ослободувањето на Мосул.

No comments

Powered by Blogger.