Поради овој филм Кинезите масовно се пријавуваат во војска: Кинескиот Рамбо има страшна порака за непријателите

Пишува: Точка

Кинескиот акционен филм "Wolf Warrior 2" ги урнал сите рекорди во најмногубројната држава на светот, а целата приказна отишла толку далеку што гледачите веднаш откако го изгледале филмот масовно се пријавуваат во војска.

Инаку слоганот на филмот е "Кој ќе ја навреди Кина, тој ќе биде убиен без разлика на тоа каде се сокрил". За само две седмици филмот заработил повеќе од половина милијарда долари.

Филмот е прилично едноставен - кинеската влада праќа свој храбар специјалец да го спаси кинескиот бизнисмен заробен во африканска земја, каде има граѓанска војна.

На тој пат ѕвездата на филмот, Ву Јинг, убива стотина бунтовници и западни платеници.

Филмот е полн со специјални ефекти од кои не би се засрамиле ниту холивудските блокбастери, но кај критичарите на Западот филмот не минал баш најдобро.

На пример, BBC пишува дека тоа е обична копија на холивудските акциони филмови, со една разлика што спасувачи на светот овој пат не се Американците, туку Кинезите.

Филмот не можел да има подобар тајминг за прикажување. Цела Кина веќе некое време ја тресе националистичка еуфорија и само им бил потребен еден ваков патриотски филм.

Кинеските државни медиуми не останале рамнодушни на критиките на BBC и им порачале на Британците дека "намерно фрлаат кал по Кина".

No comments

Powered by Blogger.