Испливале нови детали, проговорил членот на обезбедувањето: Нова снимка од трагичната тепачка на Закинтос

Пишува: Точка

На ЈуТјуб се појавила нова снимка од тепачката на Закинтос во која бил убиен американскиот турист Бакари Хендерсон, по што биле уапсени девет луѓе, меѓу кои и 7 српски државјани.

Грчкиот весник Прото Тема објавил снимка од безбедносните камери од еден бар, низ чиј излог се гледа целиот тек на тепачката.

По десетина секунди во кадар се појавува Бакари Хендерсон, кој е соборен од едно момче.

Американецот удира во паркиран автомобил, потоа група мажи го соборуваат на земја и го шутираат десетина секунди.



Набрзо неколку момчиња ја прекинуваат тепачката и ги растеруваат останатите луѓе.



Истиот весник објавил и изјава, како што се наведува, од членот на обезбедувањето, кој "ја прекинал тишината и раскажал што се случило".



"Таа вечер имаше многу луѓе во клубот. Хостесата, која имаше српско потекло, имаше слободен ден, но дојде во клубот каде се дружеше со Американци, меѓу кои беше и жртвата. Разговараше со него, се шегуваше, добро се забавуваше. Во клубот во тој момент имаше и многу Срби, од кои еден и пријде на девојката и ја праша зошто се дружи со Американци, со заканувачки тон. Американецот вербално реагираше, а Србинот го удри во лице. Потоа Американецот зема шише и го удри Србинот во глава. Тогаш почна се. Девојката почна да ги раздвојува, а жртвата по грешка ја удри девојката со лакт и таа крвареше. Дојде да побара помош, а јас отидов да ги раздвојувам. Почнаа да летаат пепелници, а Американецот излезе од клубот трчајќи, а по него тргнаа момчињата од српската екипа, јас, и еден шанкер Грк. Се сеќавам дека го удрив два-три пати по телото, но не по глава. Кога си заминав, масата Срби почна немилосрдно да го тепа по главата и телото", рекол членот на обезбедувањето за сајтот protothema.gr.

No comments

Powered by Blogger.