Ѕвер кој нуди луксуз и сее страв: Погледнете го овој руски хеликоптер-трансформер

Пишува: Точка

На авио-саемот „МАКС 2017“ во близина на Москва, за прв пат е претставен хеликоптерот-трансформер Ми-8АМТ кој што од воен транспортер за 60 минути може да се претвори во патнички, а за три часа во луксузно летало.

Ми-8АМТ е веќе во употреба, а само од почетокот на оваа година рускиот производител испорачал два вакви хеликоптери на анонимни купувачи.

Во својата транспортна верзија, Ми-8АМТ може да превезе до 26 луѓе и дури 4 тони товар. Во случај на потреба од итно „истоварување“ на припадници на десантни единици или спасувачи, во хеликоптерот постојат три точки за десант без падобран, односно со помош на специјална сајла.

Хеликоптерот е опремен со опрема за трагање и спасување, а располага и со систем за рано предупредување на близината на тлото.

Луксузниот салон е предвиден за 13 патници во придружба на стујадерси и им нуди на патниците висока удобност. Има седишта за секој патник, маси на расклопување, современи комуникациски и мултимедијални системи, гардеробер, мини-бар, тоалет и слично.

„Универзалноста е една од оние квалитети поради кои руските хеликоптери се ценети во светот. Нашите хеликоптери се докажале при извршувањето на санитарни, трагачки и спасвачки задачи, патролирања, елиминирање на последици од вондредни ситуации, како и превоз на патници и товар. Позитивните реакции на купувачите резултираа со продолжување на производството и испорака на хеликоптерот-транспортер Ми-8АМТ“, изјави генералниот директор на холдингот „Хеликоптери Русија“, Андреј Богински.

„Хеликоптери Русија“, компанија која што влегува во состав на државната корпорација „Ростех“ е еден од светските лидери во производство на хеликоптери и се единствениот конструктор и производител на хеликоптери во Русија.

Само минатата година „Хеликоптери Русија“ испорачале 189 хеликоптери и компанијата остварила приход од 214,3 милијарди рубљи.

No comments

Powered by Blogger.