Веќе не изгледа толку пропаднато: Меколи Калкин изненади со својата трансформација!

Пишува: Точка

Славниот актер Меколи Калкин, ѕвездата од легендарниот серијал "Home Alone" (/Сам Дома) долго време ја згрозуваше јавноста со својот пропаднат изглед, но по се изгледа дека тоа повеќе нема да биде така.

Како слатко момченце тој го освои светот, но како што растеше им се одаде на пороците - кои прилично многу се одразуваа врз неговиот физички изглед и приватен живот.

По пропадната врска со актерката Мила Кунис, Меколи се чинеше како да тоне се подлабоко и подлабоко.









За среќа, овој период од неговиот живот завршил. Всушност, тој беше виден неодамна на една бензинска пумпа со нова фризура, уредно облечен и заздравен. Тој долго време не изгледал подобро па многумина претпоставуваат дека сега веќе 36-годишниот Меколи сепак успеал да се врати на вистинскиот пат.



Моментално тој изгледа подобро од кога и да било и се чини дека пред него претстои подобра и понормална иднина. Неговите бројни обожаватели кои го следат уште од деновите на неговото детство се пресреќни за драстичната промена кај актерот.

А и општо целиот свет го пофали Калкин за позитивните новости.

No comments

Powered by Blogger.