Шок во Саудиска Арабија: Девојка прошетала во мини здолниште, моментално издаден налог за апсење

Пишува: Точка

Оваа снимка ја поделила земјата на два дела, на оние кои ја поддржуваат и оние кои се против тоа што ја објавила снимката.

Девојката од Саудиска Арабија предизвикала општ хаос кога објавила снимка на која шета во мини здолниште и кратка маица по улиците на оваа и повеќе од конзервативна држава.

Поточно во селото Ушајагер, северно од Ријад.

Оваа снимка ја поделила земјата на два дела, на оние кои ја поддржуваат и оние кои се против тоа што ја објавила снимката.

Инаку, жените во Саудиска Арабија мора да носат широка облека, не смеат да го покажуваат телото, а многумина и натаму ги покриваат косата и лицето со црн вел.

Сајтовите поврзани со владата денес објавиле дека властите разгледуваат можни правни мерки против жената, а на Твитер веќе се појавил налог за нејзино апсење.

No comments

Powered by Blogger.