Грчки "Катимерини" тврди: Најголемиот проблем на Македонија ќе го решат Американците

Пишува: Точка

Следната година ќе може да биде клучна за решавање на дологодишниот спор на Грција и Македонија во врска со официјалното име на нашата држава, наведува грчкиоит весник "Катимерини".

Службениците во Европа и Вашингтон веруваат дека би можело да постои можност спорот врзан со името на Македонија да се реши во период меѓу локалните избори во октомври оваа година и претседателските избори во 2019. година, стои во текстот, пренесува META.

"Надежите за решавање на спорот се родени откако социјалдемократскиот премиер Зоран Заев формирал влада во јуни, по повеќемесечниот политички метеж", истакнува Катимерини.



Уште една причина поради која дипломатите, на кои се повикува грчкиот весник, веруваат дека решението за спорот со името може да се најде, е таа што "САД повторно се заинтересирале за овој регион, пред се поради стравовите дека Русија би можела да настојува да го прошири своето влијание на слабите држави како што е Босна и Херцеговина", пишува грчкиот весник.

Според изворите на кои весникот се повикува, американските службеници го забележале враќањето на прагматизмот во Македонија, и нашата земја е подготвена за компромиси и отстапки.



"Западните дипломати не ги притискале ни Атина ни Скопје да праваат отстапки во оваа фаза, и двете страни биле советувани да избегнуваат јавен дијалог по тоа прашање...Целта е двете страни да преземат чекори идната година, а преговорите да бидат завршени пред претседателските избори во Македонија во 2019. година, кога и Грција ја чекаат општи избори", заклучува грчкиот весник. 3

No comments

Powered by Blogger.