Трамп ѝ пришол на првата дама на Франција, ја повлекол и изустил нешто што згрозило многумина

Пишува: Точка

Американскиот претседател Доналд Трамп, предизвикал вистинска ерупција на интернет, откако на сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, ѝ рекол дека "е во добра форма". Многумина тоа го гледаат како негов шок и дека не може да верува дека жена во 60-тите години е толку згодна.

Моментот на комплиментот на Трамп бил забележан на видео снимка која вчера била објавена на официјалната Фејсбук страна на Емануел Макрон, во текот на разговорот на паровите пред музејот и гробницата на Наполеон Бонапарта.

Трамп во еден момент се свртел кон Брижит и ѝ рекол:

"Знаеш, ти си во многу добра форма", рекол американскиот претседател, а потоа се свртел кон Емануел и му рекол: "Таа е во многу добра физичка форма".

Доналд потоа повторно се свртел кон Брижит и додал: "Прекрасно".

Коментарите на Трамп на интернет биле дочекани со грозење. Како што пренесува RT, претходно се ракувал со Брижит изненадувачки долго, и ја повлекувал кон себе.

Многумина во коментарите изнеле дека Трамп очигледно бил импресиониран што жена во нејзини години изгледа толку добро.

Други пак рекле дека неговите коментари биле срамни за француската прва дама.

Тоа што го забележале многумина е разликата меѓу Емануел и Брижит е иста како разликата во години меѓу Доналд и Меланија, 24. Само што во случајот на Трампови, Доналд е постар.

No comments

Powered by Blogger.