Полицаец сопрел црнкиња во автомобил па се изненадил: "Јас сум државна обвинителка"

Пишува: Точка

Двајца полицајци биле фатени на снимка додека се обидувале да објаснат зошто го сопреле автомобилот кој го возела првата и единствена црнкиња која е државна обвинителка на Флорида.

Арамис Ајала, државна обвинетелка во Флорида, била сопрена на 19. јули. Кога полицаецот се доближил до нејзиниот автомобил, таа од паричникот извадила возачка дозвола и му ја предала на полицаецот. Тој ја прашал за кого работи, а се зачудил кога слушнал дека е државна обвинителка.

Полицаецот, збунет, веднаш дал објаснување зошто ја сопрел. Рекол дека вршел рутинска проверка на табличките на нејзиниот автомобил, не ги пронашол во базата, па ја сопрел.

Таа го прашала зошто ги проверувал нејзините таблички, а полицаецот објаснувал дека тоа го прави секогаш за да провери дали автомобилот е можеби украден или нешто слично.

"Покрај тоа, стаклата ви се темни, а тоа е уште една причина за сопирањето", рекол полицаецот.

Државната обвинителка, видно изиритирана, ги побарала нивните полициски картички, но ниеден од полицајците не ја носел со себе, па ги напишале своите контакт податоци на хартија.


"Полицајците кои ја вршеле проверката не добиле никакви информации за тоа возило. Како што гледате на снимката, прозорот на возилото е темен, поради што полицајците не можеле да видат кој има во автомобилот и колку луѓе има во него", било соопштено од полицијата.

Додаваат и дека државната обвинителка не поднела жалба поради ова сопирање.

Ајала во изјавата за The Independent рекла дека не прекршила ниеден закон.

"Иако моите регистарски таблички се доверливи податоци, моите беа правилно регистрирани, по сите закони. Темните прозори не кршат никаков закон кој важи на Флорида", додала таа.

No comments

Powered by Blogger.