Мистериозната банка на Хитлер: Им помагала на Нацистите да продаваат злато, а сега ги контролира европските финансиски институции

Пишува: Точка

Банката за меѓународни порамнувања (BIS) е таинствена банка од Швајцарија, воспоставена за да внимава на исплатите на разни воени обесштетувања по завршувањето на Втората светска војна.

Меѓутоа, во книтата „Кулата од Базел“ (Tower of Basel: The Shadowy History of the Secret Bank that Runs the World) на британскиот автор Адам ЛеБор, се тврди дека истата таа банка имала тајно, но и критично важно влијание врз светската економија во последните 80 години.

Денес "BIS" е една од најважните банки на светот, уверен е ЛеБор. Банка без никаков систем за контрола и надгледување, а веќе со децении стои во центарот на глобалната мрежа на пари, моќ и тајно големо влијание ширум светот.

„Њујорк Тајмс“ пренесува дека "BIS" има интересна и долга историја, а посебно интересно е тоа што оваа банка секогаш била „во близина“ на клучни случувања во светот. Биле таму кога американскиот пазар на акции доживеал крах. Биле активни играчи во Втората светска војна, а биле и автори на самите почетоци на европската монетарна унија.



Сепак, важно е да се напомене дека "BIS" нуди важни лекции за недостаток на морал во некои важни институции и поради тоа е важно да се контролира меѓународниот тек на парите.

"BIS" настанала од моќните семејства кои што се збогатиле од нацистите во 30-тите години од минатиот век, а делумно за нејзиното настанување е заслужен и славниот поранешен гувернер на англиската централна банка, Монтагју Норман. Тој сакал да основа нова банка која ќе послужи како место за состанок на гувернерите на светските централни банки, далеку од очите на јавноста и далеку од контролата и досегот на политичарите.

Оваа идеја ја прифатил Хјалмар Шахт, денес „подзаборавениот“ шеф на Рајхската банка во времето на најголемиот раст на економијата на Нацистичка Германија. Додека Шахт договарал намалуање на воените обесштетувања од Првата светска војна, додека се обидувал да ја подигне германската економија, истовремено му помагал на Хитлер во изградбата на германската воена машинерија која ќе ја покори речиси цела Европа неколку години подоцна.



Хитлер бил толку многу воодушевен од успесите на Шахт, што еднаш изјавил: „Дури и во финансискиот свет покажуваме дека еден интелигентен Ариевец е поспособен од неговите Еврејски колеги“.

Почетокот на Втората светска војна го означил и почетокот на најсрамниот период на банката, а можеби и целото светско банкарство. Швајцарија тогаш службено беше неутрална земја, а со самото тоа и Базел, односно "BIS" останала неутрална. Меѓутоа, "BIS" доста соработувала со нацистите.

Им овозможиле трговија со злато украдено од окупираните држави, но и истото кое што им било одземено на жртвите од концентрационите логори. Тоа му овозможило на Третиот Рајх богатење и јакнење на војската и генерално целата држава.




Соработката течела толку добро што еден од шефовите на Рајхсбанка изјавил дека "BIS" е единствената странска подружница на германското банкарство. Еден од американските претседатели на "BIS", Томас Мекитрик редовно на нацистите им доставувал информации за економијата и финансиските планови на останатите земји и не му пречело тоа што му е личен банкар на Хитлер.

По завршувањето на Втората светска војна, оваа банка помагала во создавањето на европската монетарна унија, но сега поголема важност има Европската централна банка која што служи како советник и контролор на централните банки кои што го користат еврото како валута.

No comments

Powered by Blogger.