Најновата руска ракета сее страв по светот: Не постои брод кој може да се одбрани од неа

Пишува: Точка

Русија е првата земја на светот која успешно спровела тестирање на хиперзвучна противбродска ракета "Circon", која наскоро би требало да биде вброена во арсеналот на руската војска.

Како што се оценува, постоењето на таква ракета драстично ја менува ситуацијата на морето, со оглед на тоа дека не постои заштита од неа.

Истовремено таа реката во голема мера ја намалува ефикасноста на флотите предводени од носачите на авиони, што претставува главна моќ на американската војска.

Според тврдењето на весникот Washington Post, најновата руска ракета претставува огромно придвижување кога станува збор за несиметричното вооружување, во споредба со кое американскиот противракетен штит изгледа како застарен модел на оружје.

Моментално во јавноста не се изнесени карактеристиките на новата руска ракета, иако е познато дека е ракета со должина од 10 метри, а е во состојба да мине 350 до 500 километри и тоа со брзина од 9.800 километри на час, што е осум пати побрзо од брзината на звукот.

Покрај тоа, голема предност е тоа што е можно да се лансира од веќе постоечки комплекси.

No comments

Powered by Blogger.