Шокантно предупредување на НАСА: Астероид удрил во Месечината и предизвикал најголема експлозија досега, ние сме следни

Пишува: Точка

Метеор со експлозивна сила од десет крстаречки ракети удрил во Месечината и предизвикал огромна експлозија која можела да се види со голо око.

А застрашувачкиот удар од 90.000 километри на час кој го забележале научниците на НАСА, кои предупредуваат на опасност од слични метеори со кои се соочува Земјата, го предизвикал вселенски камен кој не бил потежок од 40 килорами.

Иако овој метеор бил со мали димензии, штетата од ударот била огромна и предизвикала експлозија со светлина на четири ѕвезди. Доколку паднал на град на Земјата, ќе направел кратер длабок 20 метри и зона на уништување, а јачината на ударот би била како наеднаш да удриле 10 ракети "Tomahawk".
Експертите стравуваат дека бројот на жртви би се мерел во илјади. 
Земјата, за разлика од Месечината, има атмосфера која ја штити и во која согоруваат повеќето космички остатоци. Меѓутоа, поголемите метеори понекогаш се пробиваат, како што се случило неодамна во Чељабинск во Русија, каде астероид со должина од 20 метри, со брзина од 70.000 километри на час се пробил во атмосферата и експлодирал со јачина на 33 атомски бомби како таа во Хирошима. 

За среќа, благодарение на брзината и аголот на влезот, карпата експлодирала додека била во воздухот, но повторно биле оштетени 7.200 згради и 1.500 луѓе се здобиле со повреди доволно сериозни за да посетат лекар.

"Минатите 8 години НАСА ја набљудува Месечината и следи знаци на експлозии предизвикани од метеори", изјавил портпаролот на сајтот "Science.com". "Само што ја видоа најсилната експлозија откако постои оваа програма. Блеснала десет пати посилно од се што сме виделе претходно. Можел да ја види секој што гледал во Месечината во моментот на ударот, не бил потребен телескоп".

Метеорот кој удрил во Чељабинск е најголемиот познат природен објект кој влегол во Земјината атмосфера уште од метеорот кој во 1908. година уништил една голема, шумска и ретко населена област на Сибир.




НАСА е толку загрижена поради можноста дека удар на астериод може да го уништи целиот живот на Земјата, па ја започнала првата фаза од проектирањето на вселенското летало "DART", кое има за цел да го пренасочи патот на астероидот. На тој проект НАСА соработува со Евроспката вселенска агенција. Експертите се надеваат дека до 2022. година ќе ги изведат првите вселенски проби.

"DART" би бил прва мисија на НАСА која би го демонстрирала тоа што се вика техника на кинетички удар, удирање на астероид за да ја промени орбитата, со цел одбрана од можен удар на астероид во иднината", вели Линдли Џонсон, задолжена за одбрана на планетата во штабот на НАСА во Вашингтон.

No comments

Powered by Blogger.