Бисексуалци: Постои ли најзагрозено сексуално малцинство?

Бисексуалци: Постои ли најзагрозено сексуално малцинство?
-Бисексуалните мажи почесто ја кријат својата сексуална ориентација, односно поретко ја откриваат на луѓе од својата околина отколку мажите хомосексуалци.
-Криењето на сексуалната ориентација е во корелација со искуството на симптомите на депресија, анксиозност и негативни емоционални состојби.
-Coming out, самиот по себе, не мора да има поволно дејство по менталното здравје на припадниците на сексуалните малцинства.

Ова, накратко, би биле наодите на објавената студија што ја изведоа истражувачите од Универзитетот Колумбија во Њујорк, предводени од професорот по социјална медицина Ерик Шримшо (Eric Schrimshow). Станува збор за прва студија за менталното здравје на пригушените бисексуалци од машки пол (down-low bisexual men) – субпопулација на бисексуалци кои практично живеат хетеросексуален живот и речиси никому не ги откриваат повремените „излети“ во хомосексуалност.
Според резултатите, степенот на таинственост е во позитивна корелација со неколку фактори: брак или врска со лице од спротивниот пол; ретко стапување во сексуални односи со лица од ист пол; чести сексуални односи со лица од спротивниот пол; хетеросексуална самоидентификација – бисексуалецот за себеси размислува како за хетеросексуално лице. Интересно, помеѓу факторите кои позитивно корелираат со поголемиот степен на таинственост се најде и годишниот приход: веројатноста за coming out отпаѓа доколку бисексуалецот живее во домаќинство со приходи поголеми од 30.000 долари годишно.
Истражувачите од Њујорк направија студија испитувајќи 203 мажи кои не се идентификуваат како хомосексуалци, стапуваат во сексуални односи со мажи и информацијата за своето сексуално однесување настојуваат да ја држат во тајност. За нешто помалку од една третина од субјектите (31 процент) карактеристично е дека никому не ја откриле својата „вистинска“ сексуална ориентација, додека 41 процент од нив се довериле само еднаш, на најдобриот пријател или на родителот.
Поголемиот степен на таинственост е поврзан со поголемо присуство на симптомот на депресија и анксиозност, но доброволното разоткривање, само по себе, не мора да има позитивни ефекти по менталното здравје.Еден од најинтересните наоди на студијата гласи: Поголемиот степен на таинственост е поврзан со поголемо присуство на симптомот на депресија и анксиозност, но доброволното разоткривање, само по себе, не мора да има позитивни ефекти по менталното здравје. Имено, иако споделувањето информации за сексуалната ориентација генерално делува позитивно и го намалува психолошкиот притисок, понекогаш може да наиде на непријателска реакција на блиско лице, што има или барем може да има спротивен ефект.
Врската помеѓу coming out и менталното здравје на припадниците на сексуалните малцинства одамна е позната, но не и добро истражена. Опишаната студија нуди некои согледувања на таа тема. Бисексуалците кои посебно се трудат да го скријат своето бисексуално однесување воедно покажуваат и најголем степен на интернализирана хомофобија, т.е. имаат негативен став кон сопственото сексуално однесување.

Бифобија и невидливи хомосексуалци
Иако истражувањата на сексуалната ориентација и врската помеѓу малцинскиот сексуален идентитет и менталното здравје не се малубројни, студијата на Шримшо е првата чиј фокус е насочен исклучиво на бисексуалните мажи. Имено, во претходните студии (Kelleher, 2009; Meyer, 1995, 2003; Zamboni&Crawford, 2007), бисексуалците не биле третирани како дистинктивна популација. Истражувачите главно ги вклучувале во покривната категорија на хомоселсуални или не-хетеросексуални лица, иако е очигледно дека личните и општествени искуства на бисексуалците мора да се разликуваат во однос на хомосексуалците.
Резултатите од неколкуте претходни студии, насочени на споредување на индикаторите на менталното здравје на хетеросексуалните, хомосексуалните и бисексуалните лица (Jorm, 2002; Paul 2002; Udry 2002), посочија посебна ранливост на бисексуалците. Меѓутоа, станува збор за квантитативни студии кои не се занимавале со специфичните причини на нивната изложеност.
Еден од најдобро истражуваните аспекти на единствената позиција на мажите бисексуалци во вкупната популација на сексулани малцинства е бифобијата, со која истражувачите ја означуваат стигмата и дискриминацијата на која биле изложени бисексуалците како од страна на хетеросексуалното мнозинство, така и од припадниците на хомосексуалните малцинства. И не само тоа, резултатите од некои студии сугерираат дека општата популација, кога ќе се земат предвид сите видови малцински групи, единствено кон интровенските наркомани има понегативен став отколку кон бисексуалните мажи (Herek, 2002): Во таа смисла, не зачудува наодот на Шримшо дека станува збор за малцинство чиишто припадници најтешко се одлучуваат да ја обелоденат својата хетеросексуална ориентација. Заради бифобијата, бисексуалците често се соочуваат со посилна стигма и себеси си наметнуваат построга социјална изолација, што се фактори кои инаку се наведуваат како корелати/причинители за нарушено ментално здравје (Pescosolido, Martin, Lang&Olafsdottir, 2008).
Првото сериозно квалитативно истражување на специфичностите на субпопулацијата бисексуални мажи, ги донесе следните заклучоци:
-Со оглед на бинарното дефинираните полови улоги и очекувања во поглед на моногамијата, бисексуалците често и самите имаат проблем со прифаќање на својата атипичност.
Притисокот на опкружувањето тие „конечно да се определат“ и декларираат или како хомосексуалци или како хетеросексуалци, бисексуалците често го доживуваат како отфрленост-Притисокот на опкружувањето тие „конечно да се определат“ и декларираат или како хомосексуалци или како хетеросексуалци, бисексуалците често го доживуваат како отфрленост, со што може да се објасни податокот дека имаат понизок степен на самодоверба во однос на мажите хомосексуалци.
-Според природата на својата сексуалност, бисексуалците потешко можат да остварат подолготрајни врски. Заради неприфаќањето, често и не размислуваат за таа опција, така што се посклони кон поризично сексуално однесување кое произлегува од честото менување партнери.

„Бисексуален мост“
Иако студијата на Шримшо е прва од тој вид – прва ексклузивно насочена на придушените бисексуалци од машки пол и нивното ментално здравје – оваа сексуално малцинска субпопулација го окупира вниманието на истражувачите, па и на лаичката јавност (пред сѐ на американската), веќе цела деценија.
Синтагмата пригушени бисексуалци во почетокот се врзуваше за Американците со африканско потекло – етничка група која силно држи до културата на мачоизмот. Со тој „детаљ“ е објаснувана пословичната подзастапеност на мажите од афроамериканско потекло во испитаниците и студиите на сексуалните малцинства. Интересирањето за нив, а потоа и за феноменот down-low, се зголеми откако „изникнаа“ во епидемиолошките студии за ХИВ/СИДА трансмисиите/заболувањата.
Афроамериканците опфаќаат 13 проценти од американската популација. Сепак, во 2006 година, тие опфаќаа дури 49 проценти од вкупно 56.300 новоинфицирани со вирусот ХИВ на територијата на САД (Hall, Song, Rhodes&Prejean, 2008 година). Освен тоа, во популацијата на црните Американци, ХИВ инфекцијата диспропорционално ги погодува хетеросексуалните жени и „мажите кои стапуваат во сексуални односи со мажи“ (МСМ опфаќа хомосексуалци и бисексуалци од машки пол) во однос на другите „ризични категории“. Афроамериканците со бисексуална ориентација се појавија како мост кој ги спојува овие две субпопулации (хетеросексуалните жени и МСМ). Според теоријата за бисексуалниот мост, Афроамериканките се изложени на посебно висок ризик од ХИВ инфекции заради тоа што нивните партнери, без нивно знаење, практикуваат секс со мажи. Бидејќи теоријата за бисексуалниот мост не можеше да биде поткрепена со емпириски податоци за сексуалното однесување на мажите од афроамериканско потекло, истражувачите down-low феноменот набрзо почнаа да го набљудуваат преку теоријата за одлучување позната како Транстеориски модел или Шема на фазни промени. Според оваа теориска рамка, однесувањата релевантни за здраствената состојба се резултат на проценките на плусовите и минусите од впуштањето во одредено однесување. Аналогно, бисексуалниот маж го мери своето „за“ и „против“ за откривање на своето хомосексуално однесување на партнерката, односно своето хетеросексуално однесување на партнерот.

Помалку квалитативната студија, објавена на почетокот на 2010 година, во која истражувачите биле фокусирани на МСМ (мажи кои имаат секс со мажи, men who have sex with men) од афроамериканско потекло, ги откри следниве матрици на coming out-от:
Целосно обелоденување. Подразбира бисексуалецот за своето сексуално однесување да ги извести партнерите од двата пола. Некои испитаници како мотив за апсолутниот coming out ја наведувале потребата да бидат искрени или пак моралните причини. За нив е карактеристично дека практично немаат истовремени врски со мажи и жени, туку наизменично се однесуваат хетеро и хомосексуално, но актуелниот партнер неизбежно го известуваат за својата сексуална историја. Дали за тоа ќе зборуваат и со други зависи од степенот на блискост, како и од проценката како тоа друго лице (пријател, родител, познаник) ќе ја прифати информацијата.
Свесно премолчување. Истражувачите во оваа категорија ги вброиле испитаниците кои изјавуваат дека своето сексуално однесување би го обелодениле на партнерот дури откако тој/таа директно ќе ги праша за тоа. Своето премолчување толку важна информација најчесто го објаснуваат со тоа што сметаат дека е во прашање длабока лична работа или пак со фактот дека ни тие не се запознаени со историјата на сексуалното однесување на својата партнерка или партнер.
Целосно криење. Според истражувањето, тоталното криење е резервирано за колегите и соработниците и, често, за женскиот партнер, особено доколку станува збор за венчана жена или подолга вонбрачна врска. Незапознавањето на партнерката со повременото хомосексуално однесување оваа група испитаници најчесто го рационализира со редовното користење кондоми во сексуалните односи надвор од врската. Кога се во прашање оние луѓе кои не им се партнери, субјектите криењето на својата бисексуалност го објаснуваат со стравот од стигма, губење на работата, нарушување или кинење на семејните врски, отфрлување од лицата кои им значат...
на одлуката за обзнанување, односно криење на сексуалното однесување, ѝ претходи мерење на плусовите и минусите кои би произлегле од откривањето. Колку е посилно заканувањето, реално или перцепирано, од стигматизација, толку веројатноста за coming out е помала.И оваа, како и студијата на Шримшо од почетокот на текстот практично претставува емпириска потврда на Транстеорискиот модел на одлучување. Имено, интервјуата со испитаниците од двете студии покажуваат дека на одлуката за обзнанување, односно криење на сексуалното однесување, ѝ претходи мерење на плусовите и минусите кои би произлегле од откривањето. Колку е посилно заканувањето, реално или перцепирано, од стигматизација, толку веројатноста за coming out е помала. И уште повеќе, авторите на двете истражувања предупредуваат на опасностите кои произлегуваат од симплифицираниот став дека coming out ја намалува психолошката тензија и стресниот потенцијал. Имено, доколку обелоденувањето на информациите за сексуалното однесување водат до кинење на примарните врски и губење на социјалната поддршка, неговите ефекти можат да бидат спротивни од посакуваните.
Постојат ли бисексуалци?
Префиксот „би“ во терминот бифобија има двојна улога. Освен што означува социјална дистанца кон бисексуалците, укажува на тоа дека тој доаѓа од два извори: од хетеро мнозинството, кое на бисексуалците често гледа како на едноставно промискуитетни луѓе; од хомосексуалното малцинство, кое често ги дисквалификува како „предавници“ кои немаат храброст да се соочат со својата „вистинска“ (хомо)сексуалност. Интересно, во науката реалитетот на бисексуалната ориентација е исто така под знак прашалник.
Додека Фројд (Sigmund Freud) и неговите наследници, психоаналитичарите, бисексуалноста ја сметале за универзална човечка карактеристика, а Кинси (Alfred Kinsey) во своите извештаи, во 50-тите години на минатиот век, инсистирал на податокот дека дури повеќе од една третина од возрасната популација во САД барем еднаш во животот имала сексуално искуство со лице од ист пол, современата наука нема јасна слика за тоа што точно значи да се биде бисексуален.
Предоминантно, истражувањата на сексуалноста кои почиваат на некој од методите на самоизвестување (анкета или интервју) и, неретко, во нив самиот поим на бисексуалноста е различно дефиниран: како привлечност во однос на лицата од двата пола; како сексуално однесување, односно практикување сексуални односи со лица од ист пол; како доживување на себеси, т.е. како бисексуален идентитет.
Резултатите на едното од првите настојувања на истражувачите да се оддалечат од интроспекцијата и бисексуалноста да ја подложат на поригорозен тест одекнаа како бомба во академската и пошироката јавност. Тројца психолози од Универзитетот Нортвестерн и канадскиот Центар за болести на зависност и сексуално здравје – Ригер (Gerulf Rieger) Бејли (J. Michael Bailey) и Чиверс (Meredith L. Chivers) – во 2005 година ги објавија резултатите од студијата кои би можеле да се сублимираат во тврдењето дека бисексуални мажи не постојат. Попрецизно, заклучокот од студијата бил дека мажите кои се изјаснуваат како бисексуалци се најчесто хомосексуалци, но погрешно ја идентификуваат и сфаќаат својата сексуалност.

Ригер, Бејли и Чиверс ја дефинираа сексуалната ориентација како функција на сексуалната привлечност, т.е. возбудувањето. Бисексуалецот, според таквата дефиниција, би требало подеднакво да го привлекуваат и сексуално да го возбудуваат лица од двата пола.
За да ја тестираат својата хипотеза, тие регрутирале 30 хетеросексуални мажи, 33 бисексуалци и 38 мажи со хомосексуална ориентација. На сите субјекти сукцесивно им прикажале единаесетминутно видео со не-сексуална содржина, после кое следувале неколку двеминутни сексуално експлицитни видеа, а презентацијата завршила со уште еден неутрален филм.
Експлицитните видео записи содржеле снимки од секс помеѓу двајца мажи, маж и жена, две жени. Со помрднување на лостот-индикаторот, испитаниците го сугерирале степенот на возбуда што ја чувствуваат гледајќи ги различните видео записи. Паралелно, со методот на пенилна плетизмографија, истражувачите ја следеле ерекцијата на учесниците во експериментот.
На овој начин операционализирана, хипотезата со која истражувачите влегле во експериментот практично предвидува дека бисексуалците ќе бидат повеќе возбудени со сексуално експлицитни снимки на двата пола, отколку што тоа би бил случајот со хетеросексуалците кога набљудуваат машка хомосексуална содржина или со хомосексуалците кога набљудуваат хетеросексуално или лезбејско видео.
Спомнатото предвидување било потврдено во случајот на хетеросексуалците и хомосексуалците, кај кои истражувачите документирале и поклопување помеѓу самоизвештајот за степенот на возбуденост и она што го покажал плетизмографот. Со бисексуалците работите стојат поинаку. Повеќето од нив изјавуваат дека подеднакво ги возбудуваат двата пола, но плетизмографот покажува дека огромно мнозинство (од испитаниците) практично ги возбудуваат само мажи.
Бисексуалците имаат дистинктивна матрица на сексуална привлечност кон двата пола која не може да се изедначи ниту со хомосексуалната ниту со хетеросексуалната шема на психосексуалното однесување.Резултатите од студијата се совпаднаа со наодите до кои дојдоа Чиверс и Бејли една година претходно, кога продуцираа подеднакво бомбастични наоди – дека женската матрица на сексуално возбудување е помалку специфична од машката и дека жените, генерално, може да се набљудуваат како бисексуални суштества. Студијата во чиешто средиште на вниманието била машката бисексуалност веднаш по објавувањето претрпе силни критики од теориско-методолошки аспект, но поминаа цели шест години додека нејзините резултати не беа и емпириски доведени под знак прашалник. Психологот од Универзитетот Нортвестерн, Ален Росентал (Allen M. Rosenthal), во 2001 година го предводел тимот (интересно, во него бил и Бејли) чиешто истражување резултирало со нешто што на бисексуалците им е одамна познато од лично искуство: Бисексуалците имаат дистинктивна матрица на сексуална привлечност кон двата пола која не може да се изедначи ниту со хомосексуалната ниту со хетеросексуалната шема на психосексуалното однесување. Додека Ригер и соработниците субјектите за својата студија ги регрутирале по пат на огласи објавени во геј списанијата, Росентал и соработниците настојувале да формираат подобра група испитаници. Учесниците во експериментот ги избрале преку сајт за запознавање наменет исклучиво за бисексуални мажи. Освен тоа, во студијата од 2005 година, субјектот по пат на одговори на прашалникот само известувале за својата сексуална ориентација; учесниците во истражувањето од 2011 година го исполнувале и следниов услов: во период од три месеци наназад имале барем еден сексуален однос со лицата од двата пола.
Стотина субјекти од машки пол – по една третина хомосексуалци, бисексуалци и хетеросексуалци – учествувале во експериментот налик на оној на Ригер. Според резултатите објавени во списанието Biological Psyhology, бисексуалците покажувале возбуда предизвикана од сексуално експлицитни снимки на двата пола, што не се случувало кај хомосексуалците и хетеросексуалците.
Истата година, двајца психолози од Универзитетот Индијана и Институтот Кинси, Џером Кернај (Jerome Cerny) и Ерик Јансен (Erick Janssen), во списанието Archives of Sexual Behaviour го објавиле извештајот за својот експеримент, кој ги потврдува наодите на Розентал и ги побива Ригеровите. Како и во студијата на Розентал, Кернај и Јансен на испитаниците им прикажувале видео снимки со еротска содржина. Освен хетеросексуалната, машката хомосексуална и лезбејска еротика, во нивниот експеримент се прикажани и снимки со сцени на секс во тројка (двајца мажи и жена, при што двајцата мажи имаат секс и меѓусебно и со жената). Логиката на истражувачите била дека таа снимка би требало повеќе да ги возбуди бисексуалците отколку хомо и хетеросексуалците. И самоизвестувањето и плетизмографијата ја потврдиле нивната хипотеза.
Извор: mindreadingsblog.wordpress.com
Слики: Лена Мачка

1 comment:

  1. Hello, my name is Drabuziu Taisymas
 Very interesting piece!! Stress is a normal response to difficult situations. We often confuse it as some form of mental pressure caused due to our own inability to deal with things. But that’s not what it is. Stress is not an action, it’s a reaction. Stress is our reaction to various external factors.
    Before we get to the whole coping part, first we need to understand a few things about stress that are essential.
According to me Stress is not always bad.
    Stress is the body’s way of reacting to a challenge. When faced with a tough situation, there are a whole lot of reactions that the body goes through. Increased pulse rate, adrenaline boost, faster response to stimuli and among those, stress is one.
    But the same stress that ‘stresses us out’, also makes us quicker and more prone to handle situations better. Stress makes us do our best. So it isn’t always a bad thing.

    ReplyDelete

Powered by Blogger.