Охридското тло се смирува, стравот се намалува

Почна да се смирува тлото во охридско. Земјотресите се проретчија, после мирниот ден, вечерта се почуствуваа нови потреси но со значително послаб интензитет, или со измерена магнитуда од околу 3 степени по Рихтер со епицентар во селото Косел.

пишува: 24 вести

Граѓаните велат стравот полека стивнува, а опасноста се намалува. Иако домашните гости си заминаа странските сеуште уживаат на Охридската ривиера и велат дека воопшто не се потресени и не обрнуваат внимание на земјотресите кои три недели го дрмаат градот.

Тлото се тресе непрестано од 18 ти јуни, а сеуште е непознато како за толку краток период се случија над 1200 земјотреси. Иако сеизмолозите сеуште истражуваат што тоа ја испровоцира почвата, јавноста на големо развива свои теории. Освен вулканот во Косел, се спомнува и нечовечкото третирање на езерото, односно зимското испуштање на водата од страна на ЕЛЕМ. Сепак, експертите се децидни тврдат дека едното со другото нема допирна точка.

По земјотресот од 5 степени до денес сеизмолозите постојано уверуваат дека не се очекува посилен потрес, укажувајќи дека тлото ќе се тресе уште извесен период поради последоватолните афтершокови, но нема никаква опасност, но дел од граѓаните и понатаму спијат на отворено. Некои од нив поради штети во домовите кои веќе ќе почнат да се санираат, но поголемиот дел поради страв и паника.

Во меѓувреме експертите го истражуваат потеклото на постојаните земјотреси а освен тоа унгарски научници од денеска почнуваат со испитување и на чистотата на водата во езерото. Сето тоа за враќање на мирот кај туристите и охриѓани и успешен продолжеток на туристичката сезона.
      

No comments

Powered by Blogger.