ЦИА ја стопираше програмата за финансирање на милитанти, па Сиријците порачаа: Ова е почетокот на крајот на војната

Пишува: Точка

Сириските власти се оптимисти во врска со изнаоѓањето на конечно решение за ставање на крај на шестгодишната граѓанска војна која што ја зафати оваа земја.

Сирискиот министер за национално помирување, Али Хаидар изајви во разговор за британската новинска агенција „Ројтерс“ дека американската одлука за прекинување на програмата на ЦИА за вооружување и обучување на милитанти е почетокот на крајот на шестгодишната граѓанска војна во Сирија.

„Сите овие чекори се почетокот на решавањето на сириската криза. Без ова, немаше да можеме да дојдеме до решение“, истакна сирискиот министер.



Исто така, тој порача дека ова мора да биде само првиот чекор - следниот клучен чекор е странските земји целосно да ги затворат своите граници за транспорт на милитанти и оружје во Сирија.

„Се додека постојат простори кои што се како отворени рани, нема да има решение“, изјави сирискиот претседател, пред се алудирајќи на Турција од каде што досега доаѓаа најголемиот број на милитанти и оружје во Сирија.



Да потсетиме, американската разузнавачка агенција ЦИА веќе со години, на југот и на северот од Сирија ги поддржуваше и ги вооружуваше милитантите кои што се бореа проти режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад. Покрај од Американците, милитантите добиваа голема помош и од регионалните сили, пред се од Јордан, Саудиска Арабија, Турција, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Пред да дојде на власт во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ѝ стави крај на поддршката која што ја добиваше таканаречената Сириска слободна армија и наместо тоа, Соединетите Американски Држави ќе се фокусираат кон тотално уништување на Исламската држава на Блискиот исток.

No comments

Powered by Blogger.