Страшна глетка: Човек се удавил езеро пред нивните очи: Тинејџерите го снимаат и му се смеат!

Пишува: Точка

Полицијата изјавила дека од она што може да се слушне во видеото, тинејџерите дури си подигрувале и му се потсмевале... па бараат да се покрене постапка за да им биде судено.

Џамел Дан од Флорида се удавил во езерото во оваа американска држава додека петорица тинејџери стоеле покрај брегот и го набљудувале.

Во соопштението на полицијата стои и дека тие си подигрувале и му се потсмевале на човекот кој во моментот умирал.

"Нема да ти помогнеме. Не си смеел да паднеш (во езерото). Пушти го, нека се удави, тоа е", се слуша како зборува еден од тинејџерите.

"Мораш да разбереш. Не си смеел да паднеш овде!" - се слуша гласот на тинејџер во видеото.

Џамел Дан (31) од Кока, Флорида паднал во езерото на 9-ти јули. Неговото беживотно тело било откриено дури неколку денови подоцна. Не многу долго откако го откриле телото, видеото на тинејџерите кои му се потсмевале на човекот додека се дави било објавено на социјалните мрежи.

Дан паднал во езерото по расправија со вереницата.

 

  •  
  •  

No comments

Powered by Blogger.