mk
Ова е Американецот убиен во тепачка на Закинтос: Бил одлучен да успее во животот, а сега за неговата смрт пишува цела Америка

Пишува: Точка
Државјанинот на САД, 22-годишниот Бакари Хендерсон, кој на Закинтос бил претепан до смрт, завршил американски колеџ, и сакал да започне своја модна линија.
На грчкиот остров Закинтос снимал моден едиторијал. Неговото семејство и пријатели рекле дека бил одлучен да успее во животот и дека секогаш бил пријатен и расположен за разговор.
Тешкото злосторство се случило ноќта меѓу четвртокот и петокот, во 3:30 часот наутро, во Лаганас, инаку место познато како центар на ноќните излегувања поради многуте клубови и барови.
Осумте напаѓачи на Американецот на грчкиот остров Закинтос се обвинети за тешко кривично дело групно убиство со умисла, објавиле грчките медиуми, пренесувајќи ја одлуката на обвинителот донесена минатата вечер.
Обвинети се седум Срби и еден Грк - барменот на ноќниот клуб на плажата, пред кој бил убиен 22-годишниот Американец.
Обвинетата група денес ќе биде изведена пред истражен судија на Закинтос, да изнесе искази во своја одбрана.
Приведените српски државјани на островот ги посетил и почесниот конзул на Србија на Кефалонија, Виктор Рухас. Уапсените не се жалеле на третманот во притвор.
No comments