Опустошено популарното италијанско летувалиште: Автомобилите уништени, ветерот корнел стебла, плажите опустошени

Пишува: Точка

Олујата која беснеела во Италија нанела голема штета на автомобилите и на многу други објекти на северот на земјата.

На интернет се појавиле голем број фотографии кои ја покажуваат состојбата во местото Лидо ди Јесоло.
Популарното летувалиште е целосно опустошено во налетот на ветерот. Плажите се непрепознатливи, дрвја има насекаде по улиците, а голема штета претрпело и јавното осветлување.
Пожарникарите имале полни раце раота, бидејќи ги чистеле улиците од стеблата кои биле на патиштата.

Слично невреме ги зафатило и местата како Венеција, Тревизо, Понте ди Пјавеа...

Голема олуја проследена со дождови го погодила северот на Италија, а во областите околу Венеција многу оштетени кровови.

Големиот олуен облак потоа се преместил на исток кон Истра.

No comments

Powered by Blogger.