Српската хостеса од Закинтос за грчките медиуми: "Отидов со Американците, а кога се вратив на Бакари му течеше крв од очи"

Пишува: Точка

Грчкиот портал "Ола Дека" тврди дека ја пронашол хостесата со српско потекло која била сведок на тепачката на Закинтос, во која бил убиен американскиот студен Бакари Хендерсон.

Според некои верзии на настанот, токму фотографирањето на Бакари со оваа девојка било причината поради која дошло до кобната тепачка.

Името на девојката не е откриено, но таа според пишувањето на "Ола Дека" изјавила дека момињата од Србија и пришле и ја прашале "зошто покрај толку Срби се фотографира со Црнец".

"Ги игнорирав. Тогаш Американците со кои дојдов и групата момчиња од Србија разменија неколку зборови, но не се сеќавам што точно си рекоа. Еден Србин му удри шлаканица на Бакари, а тој му возврати со удар со пивско шише во глава", рекла хостесата.

Тогаш започнала сеопштата тепачка.



"Заминав со тројца Американци. По пет минути се вратив до местото каде што беше тепачката и го видов Бакари без свест, и како му тече крв од очите. Еден од Американците се обиде да му помогне", изјавила девојката.

Претходно грчкиот весник ПротоТема ја објавил приказната на членот на обезбедувањето на клубот, кој рекол дека хостесата имала слободен ден, но дека дошла во клубот да се дружи со Американци, а дека тепачката почнала по вербалниот судир на американски студент и група Срби.



И според неговите зборови, Србинот прв го удрил Американецот по што овој му возвратил со пивското шише.

На четворица српски државјани им е одреден притвор до почетокот на судењето за 18 месеци, додека двајца, кои вчера се вратиле од Закинтос во Србија, се пуштени да се бранат од слобода.

No comments

Powered by Blogger.