Силен земјотрес ги парализираше Грција и Турција: Најмалку четворица мртви, двеста повредени, луѓето спијат на улица!

Пишува: Точка

Силен земјотрес со магнитуда од 6,9 степени според Рихтеровата скала рано изутринава ја погоди областа во близина на главните турски и грчки туристички дестинации на Егејското море, при што животот го загубиле најмалку четворица, а бројот на повредени расте.

Според локалните власти, најмалку четири лица загинале, а двеста се повредени на грчкиот остров Кос, кој е популарна дестинација за туристите.

Епицентарот на земјотресот бил во Егејското море.
Низ тесниот канал во Егејското море, во турскиот Бодрум, околу 70 лица се примени во болниците, повредени во обид да избегаат од земјотресот кој во 1:30 часот по полноќ - локално време, ја погодил оваа област.
Грчките власти ставиле на располагање хеликоптери со цел да им помогнат на ранетите и повредените да се транспортираат на поголемиот остров Родос за да им биде укажана лекарска помош, изјавил градоначалникот на јужноегејската област, Јоргос Хадјимаркоу.
"Нашата главна грижа сега е да се спасат човечките животи", изјавил тој за грчката државна телевизија ERT.
Според извештајот на полицијата, на Кос се уривале покривите на баровите и останатите локали, а според крајбрежната стража пристаништето на Кос било сериозно разорано, кое се наоѓа во близина на зоната со кафулиња и барови па поради тоа патнички ферибот не можел ниту да се вкотви.
Огромен број на жители и туристи ја поминале ноќта спиејќи на улиците.


Европската агенција за земјотреси најави дека е можно поради земјотресот да се очекуваат и мали цунами, но турските медиуми се повикиваат на изјавите на официјалните лица кои тврдат дека ќе има големи бранови.

Предизвикана е огромна материјална штета, како што ќе забележите на фотографиите. Паниката е очигледна.

No comments

Powered by Blogger.