За нив "Волкот од Волстрит" е мало бебе: Компанијата во која шефовите пијат, консумираат кокаин и ги допираат работничките, погледнете ги скандалозните снимки

Пишува: Точка

Една финансиска компанија од Њу Џерси добила тужба поради сексуално вознемирување откако поранешни вработени одлучиле да проговораат за тоа што се случувало зад затворените врати на оваа компанија која дневно "врти" и до 100.000 долари на заеми.

Поранешната шефица во компанијата "American Finding Group", Никол Орландо, се здружила со четири поранешни колешки и пред судот приложила докази за "сексуалната септичка јама" во споменатата компанија. Овие пет жени тврдат дека директорите ја воделе компанијата на "сексуално агресивен, на морално одвратен и незаконски насилен начин", со што можат да конкурираат на ликовите од "Wolf of Wall Street" и "Boiler Room".

Шефовите, стои во тужбата, се опивале и дрогирале, и ги наградувале работничките кои се облекувале и однесувале провокативно, за да ги задоволат своите вулгарни перверзии.

Во уредите носеле стриптизети, често жени со низок раст, кои за директорите изведувале разни перверзии со помош на сексуални играчки и кукли на надувување.

Еден од директорите, Марк Мансино,на поранешната шефица на кадровска и наредил да им исплати пари на стриптизетите, но кога таа му рекла дека тоа можеби не е најдобра идеја, и кажал "да се помири со тоа".

Слична била и забавата на која се славел роденденот на еден од директорите. Стриптизетата му ставила топка во уста, а колегата притоа му рекол дека ја одбие топката ќе добие "strap-on". Сето тоа било снимено и приложено во доказниот материјал.

Во тужбата стои и како шефовите ги наградувале работничките кои имале поголеми гради, кои се облекувале провокативно или се впуштале во сексуални односи со нив. Работничките кои се облекувале поконзервативно и кои одбивале да спијат со шефовите добивале полош третман.

Една работничка ја викнале во канцеларијата само за да "си играат со нејзините гради".

Претходно споменатиот директор Мансино, нарачувал големи количини Вијагра во канцеларијата. Кога Никол Орландо прашала зошто го прави тоа, тој рекол дека пенисот мора добро да му работи за да го држи чекорот со сите овие жени.

Една работничка добила голем бонус, за да оди на естетско зголемување на градите.
Во друга прилика, Мансино запознал 22-годишна девојка во теретана, веднаш ја вработил, и дал плата од 60.000 долари и службена кредитна картичка, а таа во замена со него одржувала сексуална врска.

No comments

Powered by Blogger.