Во ресторанот ѝ потврдиле дека служат веганска храна - но едноставно мора да видите што ѝ донеле во чинијата

Пишува: Точка


Многумина не се разбираат во веганскиот начин на исхрана, но овој ресторан во Шпанија целата работа ја издигнал на едно сосема ново ниво.

Кога Gabbie Javis, модна блогерка и нејзината сестра Џорџина од Лидс тргнале на вечера за време на нивниот летен одмор во Фуенгриола, недалеку од Малага, биле прилично оптимистички настроени.



Џорџина, која е веганка веќе три години, нарачала веганска пица без сирење, но келнерот ѝ објаснил дека тестото за пица содржи јајца па ѝ препорачал веганска салата наместо пицата, пишуваат Unilad.



Чинијата која ѝ била сервирана и која ја платила 9 евра за многу кратко време станала хит на интернет и го обиколила светот покревајќи многу дискусии околу вегетаријанството и веганството.



Разочарана, девојката си ја изела порцијата домати и кромид, но не била задоволна. За Unilad изјавила дека покрај овој, вообичаено нема проблеми кога нарачува храна во ресторан бидејќи најчесто тие нудат многу опции и за вегани.







No comments

Powered by Blogger.