Трагичарка од Бахамите: Златото беше нејзино, а потоа еден детаљ од неа направи најголема губитничка

Пишува: Точка

Шестиот ден на Светското атлетско првенство во Лондон бил и повеќе од возбудлив, најмногу поради факот дека фаворитите биле претекнати од дебитантите на шампионатот.

Еден од најголемите трагичари на шестиот натпреварувачки ден била атлетичарката од Бахамите, актуелната олимписка шампионка на 400 метри.

25-годишната Американка Филис Френсис е победничка на трката на 400 метри, а 21-годишниот Норвежанец Карстен Вархолм е шампион на 400 метри со пречки. Кинескињата Лијао Гонг го потврдила статусот на прва фаворитка во фрлање на ѓуле.

Франсис до титулата светска шампионка дошла во несекојдневната финална трка во која остварила нов личен рекорд. Ова за Френсис е прв медал од големите натпреварувања, и тоа прв златен.

Среброто и припаднало на 19-годишната натпреварувачка од Бахреин, Салви Еид Насер, која исто така истрчала личен рекорд од 50.06 секунди, додека 31-годишната Алисон Фекликс завршила на третата позиција. Низ целта минала за 50.08 секунди.

Најголема трагичарка на трката на 400 метри била олимписката победничка од Рио, 23-годишната Шаунае Милер-Уибо, која низ целта минала како четврта, иако цело време водела и многумина златото го виделе на нејзините гради. На 370 метри ја фатил грч, полека забавувала, не се предавала, но сепак испуштила медал.

No comments

Powered by Blogger.