Еве зошто Хитлер не успеал да направи атомска бомба: Имал најдобри научници, но Американците...

Пишува: Точка

Нацистичка Германија претрпе катастрофален пораз во Втората светска војна, иако во првите години од војната моќниот Трет Рајх на Хитлер владеел со речиси цела Европа.

Лидерот на Нацистичка Германија, Адолф Хитлер, соочен со напади на неговите сили од два фронта, знаел дека неговиот единствен спас би била една моќна бомба која што може да го промени текот на војната. Поради тоа, Хитлер очајно сакал да му биде изработена една таква бомба.

Според новите историски податоци откриени од историчарите, Адолф Хитлер, односно неговите научници биле премногу блиску до развивање на атомска бомба. Нацистичката подморница „234“ била приморана да им се предаде на силите на САД, пред да пристигне во Јапонија.



Во подморницата имало неколку високи нацисти, вклучувајќи го и генералот Улрик Кеслер кој што патувал заедно со неколку важни научници и инжинери. Според пронајдените записи, во подморницата бил пренесуван ураниум кој што на Хитлер му бил очајнички потребен за развивање на атомска бомба за да го спаси Третиот Рајх.

Научникот и автор Картер Хидрик во својата книга „Критична маса“ пишува дека заробениот материјал бил искористен во атомската бомба која што беше фрлена на јапонскиот град Хирошима.



Извештајот за предавањето на подморницата „234“ останал голема тајна за време на траењето на Студената војна во обидот Американците да ги сокријат сите можни податоци од Советскиот сојуз.

Хидрик ги засновал информациите во својата нова книга според архивирани белешки на американските адмирали од Втората светска војна на кои што од Вашингтон им било наредено да ги избегнуваат медиумите по секоја цена.

No comments

Powered by Blogger.