Одвратни лиги одеднаш започнале да ги прекриваат автомобилите на автопат, возачите занемени од страв

Пишува: Точка

За среќа, во овој инцидент никој не е потешко повреден. Но сцената е како од хорор филм - многу луѓе се исплашиле кога виделе од каде доаѓа сета таа слуз...

Во американската држава Орегон се превртел камион кој пренесувал 7.500 живи јагули, притоа предизвикувајќи морничава сцена на локалниот автопат.



Овие јагули припаѓаат на посебен вид кој произведува лигава слуз кога ќе се уплашат, па замислете коку многу слуз произвеле при сообраќајката. Имало јагули насекаде по автопатот и по автомобилите кои се нашле во близина.




Според пишувањето на AP, возачот на камионот не успеал да закочи на време поради поправките на патот, што довело до тоа еден од контејнерите со јагули да се откачи и да падне на улицата.




Контејнерот удрил во автомобилот кој возел зад камионот и предизвикал синџир на удари. Многу од возачите не знаеле ниту виделе што се случило, па лигите и слузта која започнала да ги преплавува од сите страни смртно ги исплашила. Кога ги забележале и јагулите, помислиле дека се змии па занемеле од страв.



За среќа, во овој инцидент никој не е потешко повреден, освен јагулите кои починале.

No comments

Powered by Blogger.