Ова место е рај, но речиси сите се разведени: Причината е повеќе од бизарна

Пишува: Точка

Малдиви, составени од 1.200 малечки острови далеку од југот на Индија, на фотографии изгледа како парче рај на земјата.

Бунгаловите кои како да лебдат над кристално чистата тиркизна вода, гранкиите од палмите кои се нишаат на ветерот и идеалната клима ја прави оваа земја позната како "островите на 1.000 медени месеци", но реалноста покажува дека тоа е впрочем островот на разводите.



Според податоците на ОН, просечна 30-годишна жена од Малдивите веќе е разведена - и тоа не еднаш, најмалку три пати! И тоа е само просекот. Малдивите навистина држат рекорд во стапката на разводи во светот, како и место во Гинисовата книга на светски рекорди. Второто и третото место по број на разводи го држат Белорусија и САД. На пример, на Малдивите се разведуваат 11 од 1.000 луѓе само за една година, додека во Белорусија и САД бројката е 4 разводи на 1.000 луѓе годишно. Но сите се прашуваат - зошто?



"Напаленост", објаснува Антони Маркус, претседател на Одделот за антропологија при Универзитетот Џон Џеј во Њујорк. Всушност, во една своја книга тој посветил цело поглавје на феноменалните разводи на Малдивите. На кратко, објаснува дека станува збор за претежно муслиманска земја каде постои голема осуда за предбрачен секс. Иако голем број од нив не го практикуваат ова непишано правило, станува збор за земја во која облеката е оскудна, бикините насекаде, а музиката жешка. Поради тоа, купиѓта напалени 18-годишни момчиња кои навистина сакаат да искусат секс мислат дека бракот е одлична идеја, иако партнерот им е првата симпатија во животот. А свадбите не се некоја страшно голема работа на Малдивите - на судијата му плаќате по 8 евра, каните 10 пријатели и одите во ресторан - тоа е тоа.



Но, како и повеќето одлуки донесени на 18 години и таа за брак не изгледа така сјајно после неколку години. На нивна среќа, тука се применуваат и либералните закони за развод. Според нив, само мажите можат да иницираат развод, се што треба да направи е да го изговори тоа гласно пред сведоци и работата е решена, без папирологии и влечкање по судови. И така легитимно може да се помине кон потрагата по следен партнер/ка.



Луѓето од Малдиви, се разбира, си имаат свое објаснување за најголемата стапка на разводи. Според нив, со оглед на тоа дека повеќето населени места се поприлично мали, сите романтични односи брзо се претвораат во вистинска шпанска серија, а една од најчестите приказни во баровите каде се собираат мажите е дека тие биле проколнати со најпромискуитетните жени на светот. Имајте на ум дека оваа земја, која се наоѓа на околу еден ипол метар над нивото на морето, сама по себе креира атмосфера на "живеење како секој ден да е последен", па нема поента да заглавите во лош брак.



Но сепак работите се промениле кога жените во 2011-та година побарале и тие да добијат право да иницираат развод преку суд, додека ОН и властите на Малдиви организираат различни консултации за да им помогнат на "напалените" тинејџери кои непромислено влегуваат во брак. Во меѓувреме, добрата вест за сите жители е дека иако предбрачниот секс е жигосан, кај разведените тоа не важи во никој случај.


No comments

Powered by Blogger.