Лидерот на џихадистите е мртов, но што сега? ИСИС ќе се растури, но дури тогаш почнуваат проблемите...

 
Пишува: Точка

По признавањето на ИСИС дека нивниот идеолошки лидер Абу Бакр ал-Багдади е мртов, се поставува прашањето дали оваа група е конечно скршена, и како тоа ќе влијае на нејзината судбина.

Ирина Федорова, соработничкана Институтот за ориентални студии во Руската академија на науки, рекла дека постои 99 проценти шанса Багдади да е мртов. Таа верува дека смртта на лидерот на ИСИС значително ќе ја ослаби терористичката група.


"Ал-Багдади беше духовен лидер на ИСИС, тврдеше дека е директен потомок на пророкот Мухамед, беше авторитет за оние кои се бореа за режимот на ИСИС и ја поддржуваа неговата идеологија. Затоа би било тешко да се избере нов лидер, бидејќи тој би требало да биде човек од авторитет", вели Федорова за Radio Sputnik.



"Борбата за раководството може да донесе до поделби на ИСИС. Во изјавата, терористичката група ги повика своите луѓе да ги спречат поделбите и да останат обединети, што е знак дека можеби веќе постојат пукнатини во нејзиното раководство", вели Федорова.

Истовремено нагласила дека таквото сценарио веројатно ќе има негативни последици, посебно за борбата против тероризмот во регионот.



"Ако е ИСИС поделена, резултат ќе бидат бројни мали екстремистички групи, од кои секоја ќе има свој лидер. Ова веројатно ќе ги закомпликува напорите во борбата против тероризмот во Сирија и Ирак", заклучила Федорова.

Александар Микхаилов, член на рускиот Совет за надоврешна политика и одбрана, вели дека смртта на Ал-Багдади ќе ги намали тековите на пари кои ги добива ИСИС.



"Смртта ќе влијае на финансирањето на ИСИС: Веројатно ќе има проблеми со тоа, бидејќи финансирањето обично е одредено за само еден лидер", рекол Микхаилов.

Според неговите зборови, смртта на ал-Багдади е логична поради долготрајната потрага по него.



"Порано или подоцна ќе го убиеја. Истовремено, не може да се исклучи дека Багдади е убиен во внатрешна борба во ИСИС за власт", рекол Микхаилов.

Истовремено нагласил дека ИСИС е натерана во агол.

"Борбата против тероризмот ќе се интензивира. Сезоната за лов на ИСИС е отворена. Дури и ако се преселат во друг регион, пример во Авганистан, и таму ќе биде исто", заклучил тој.

No comments

Powered by Blogger.