Од сончев ден до апокалипса за само неколку часа: Погледнете го спектакуларното видео од создавањето на страшната бура во Истанбул

Пишува: Точка

На социјалните мрежи кружи едно видео од самото создавање на ужасната и катастрофална бура која го погоди Истанбул вчера.

На видеото може да се види како за само неколку часа се креирале густи темни облаци кои донесоа пороен дожд и град.

Во страшната бура, придружена со град, која го зафати Истанбул повредени се најмалку десет лица, а водата на улицата довела до прекин на градскиот сообраќај и откажување на авионските летови.

"Реките" од дожд однеле многу возила, а граѓаните останале заглавени во своите автомобили обидувајќи се да вратат дома во најголемиот метеж попладне во најголемиот турски град.

Повеќе за ова можете да прочитате овде.

No comments

Powered by Blogger.