Мистеријата зад смртта на убавата украинска политичарка: Ирина цели два часа ја извлекувале од уништениот автомобил, единствениот преживеан е нејзината ќерка

Пишува: Точка

Ќерката на Ирина, Даниел, била врзана со појас и токму тоа ѝ го спасило животот... пожарникарите два часа морале да го сечат автомобилот.

Осумгодишната ќерка на познатата украинска политичарка и адвокатка, 38-годишната Ирина Бережнаје, која почина во ужасна сообраќајна несреќа во саботата околу 1:30 часот на автопатот А1 во Хрватска, во придружба на својот татко ја напушти болницата во Задар. Девојчето за среќа поминало со полесни повреди, а блискиот круг на пријатели на Ирина, нејзината мајка, тврдат дека несреќата била наместена.

Девојчето излегло од болница само десет часа по несреќата во која трагично го изгуби животот нејзината мајка Ирина. Ирина инаку е поранешна пратеничка во Украинскиот Парламент, а над 38-годишиот Бугар кој бил возачот на автомобилот со германски регистарски таблички, Петар Илиев Петров, се спроведува обдукција за да се разјаснат се уште непознатите причини за несреќата чиј единствен жив сведок е осумгодишното девојче.

Сомнежите се дека Илиев Петров управувајќи "Мерцедес" со бугарска ознака, возејќи во насока Поседарие, од се уште неутврдени причини со автомобилот излегол од својата лента на удолницата откако го поминал благото вртење.

Во еден момент поминал преку бариерата и се удрил во металната заштитна ограда по која и возел странично некое време. Возењето по металната ограда се завршила со силен удар во метален столб околу кој автомобилот се превртел. Од јачината на ударот, илиев Петров починал на лице место, додека 38-годишната Ирина се уште била жива, еден ипол час по неговата смрт, додека од целосно уништениот автомобил се обидувале да ја извадат пожарникарите.

На нејзината ќерка, осумгодишната Даниел, животот ѝ го спасило тоа што била врзана со појас. Според прелиминарната верзија, причина за несреќата бил возачот, а сведоците велат дека глетката била страшна.



"Пожарникарите два часа мораa да го сечат автомобилот. Долго време немало ваква несреќа на овие простори", изјавиле.

Само еден ден пред трагедијата, Ирина, која живеела во Киев и која на 13-ти август требала да го прослави својот 39-ти роденден, на социјалните мрежи објавила фотографија од Монте Карло каде била гостинка на забавата на познатата дизајнерка Улијана Сергенко.



Веста за трагичната смрт на убавата укаринска политичарка предизвика бура на социјалните мрежи на кои дури пишуваат и дека поради нејзините левичарски ставови несреќата била наместена. Семејството поради ова морало да ги блокира коментарите на профилите на Ирина на социјалните мрежи. Нејзината смрт ги шокирала бројните пријатели на Ирина кои тврдат дека светот изгуби неверојатен човек.



"Тоа е огромна загуба не само за семејството, туку и за целата земја. Не сакаме да веруваме. Ирина беше како цвет. Мислев дека не е возможно да има нешто толку убаво во Парламентот. Но Ирина имаше добра душа и беше беспрекорна во секој поглед" - се дел од коментарите на фановите и пријателите на Ирина.



Познато е дека младата Ирина беше пријателка со многу ѕвезди од руската естрада, а најблиско познанство делела со познатата Украинска поп пејачка Ани Лорак која некогаш ја претставуваше Украина на Евровизија. Таа е родена во Луганск, дипломирала на Правниот факултет на Универзитетот во Киев. Пред неколку години Бережнаја ја напушти политиката и стана активист за човекови права.

No comments

Powered by Blogger.