Ирачката армија брутално им се одмаздува на џихадистите: Ги фрлаат од карпи, а потоа ги докрајчуваат со рафали

Пишува: Точка

Ирачката влада отвори истрага во врска со снимките на кои што може да се види како ирачките војници убиваат невооружени припадници на Исламската држава во неодамна ослободениот град Мосул.

На спорното видео се прикажува како луѓе во униформи фрлаат еден маж од карпа, а потоа пукаат во неговото тело. Портпаролот на ирачкото министерство за внатрешни работи изјави дека одговорните ќе бидат приведени доколку се потврди дека видео снимката е автентична.

Организациите за човекови права пренесуваат дека добиле голем број на изјави на сведоци за бруталното измачување и погубување на припадниците на Исламската држава во Мосул.




„Ирачките војници ги измачуваат и убиваат мажите и децата“, објавија неодамна од организацијата Human Rights Watch.

Спорното видео беше објавено на блогот Mosul Eye во средата, два дена подоцна откако ирачкиот премиер Хаидер Ал Абади прогласи победа над Исламската држава во Мосул. Сепак, американските сили изјавија дека ирачката војска и натаму е во потрага по неколку стотина џихадисти кои што се криеле во Стариот град.

No comments

Powered by Blogger.