Руски шпиони од соседството: Делувале како најобичен брачен пар, а потоа била откриена вистината

Пишува: Точка

Жителите на предградието Монтклер во Њу Џерси биле во шок кога дознале дека во нивното соседство живеат руски шпиони. Брачниот пар кој тие го познавале, или верувале дека го познаваат, наводно биле Ричард и Синтија Марфи, наизглед обичен американски пар. Вистината била сосема поразлична.

Синтија и Ричард живееле во колонијална куќа со своите две деца. На визит картата на Синтија пишувало дека работи во финансискиот сектор во една компанија на Менхетн, а Ричард им кажал на соседите дека не е вработен, и дека ги чува ќерките Лиса и Кејт. И соседите верувале во тоа, се додека на сечие изненадување во 2010. година ФБИ не упаднал во нивниот дом.

Се воспоставило дека Ричард и Синтија Марфи, се всушност Владимир и Лидија Гурјев.




Гурјеви собирале информации за СВР уште од 90-тите години. СВР е служба која ФБИ ја смета за наследничка на КГБ. Во јуни 2010. година Гурјеви биле уапсени заедно со уште осум луѓе од Менхетн, Бостон и Вирџинија. Новинарите на "CNN" разговарале со нивните поранешни соседи, кои и натаму се сеќаваат на брачниот пар Марфи, односно Гурјеви.

Како што велат соседите, не биле претерано дружељубиви, но не се ни криеле. Зборувале исклучиво на англиски јазик, дури и дома.

Од денешна перспектива куќата во која живееле била совршен избор. Се наоѓа на половина час со автобус од Менхетен, а зад куќата има шума совршена за состаноци или предавање на информации.



За длабоко инфилтрираните руски шпиони ФБИ дознал на почетокот на новиот век, по што почнал да ги надгледува осомничените, да ги прислушува, па дури и да им пребарува низ домот кога не се тука. Американските служби успеале да го откријат тајниот код за комуникација со централата во Москва, а потоа и да откријат дека Владимир тајно се состанувал со руски службеник една година пред апсењето.

Соседката Џеси, која тогаш имала 15 години , се сеќава дека била во шок кога видела комбе на ФБИ од кое излегуваат агенти, влегуваат во куќата и ја пребаруваат од подрум до кров. Една седмица по рацијата, соседството било преполно со медиуми. Нејзината мајка Бејли рекла дека личело на карневал. Таа поранешната сосетка Синтија, односно Лидија, ја памти како секогаш добро облечена жена, и во ниеден момент не се посомневала дека е шпион.



Елизабет Лапин, наставничка во пензија која живее на истата улица, вели дека по апсњето ќерките на Гурјеви биле одведени кај семејни пријатели. Двете девојчиња биле родени во САД, но со договор на двете држави им било дозволено подоцна да одат во Русија со родителите.

Две седмици по апсењето, Москва и Вашингтон објавиле дека постигнале договор. Сите уапсени се изјасниле како виновни и префрлени во Русија. Русија прифатила како замена да ослободи четири лица притворени во Москва поради наводен контакт со западни агенции.

No comments

Powered by Blogger.