Трагедија во Египет: Се судрија возови - има многу жртви

Пишува: Точка

Најмалку 36 лица загинаа откако се судрија два возови на северот на Египет во близина на Александрија, а тоа е една од најголемите железнички несреќи во последните години во оваа земја.

Според последните информации, во несреќата 123 лица биле повредени, а речиси сите итно биле пренесени во болниците во Александрија. На местото на несреќата пристигнале околу 25 возила на итна помош, открил првиот човек на спасувачките служби Ахмед Ел Ансари.

Египетските медиуми пренесуваат дека до судирот дошло откако еден од возовите сопрел поради дефект, а набрзо потоа, налетал друг воз по што дошло до стравичен судир. Двата возови сообраќаеле кон Александрија - едниот тргнал од Каиро, а другиот од Порт Саид.



Министерството за сообраќај на Египет наредило итна истрага околу несреќата и од таму ветија дека ќе побараат одговорност од сите инволвирани во железничкиот сообраќај во земјата.

Досега најголема железничка несреќа се случи во 2002-ра година кога во воз на 40-тина километри јужно од Каиро избувна пожар, по што загинаа 373 лица. Тоа е најтешката железничка несреќа во Египет и дефинитивно една од најголемите во светот во последните две децении.

No comments

Powered by Blogger.