Патник се обидел да ја отвори вратата од авионот над океан, стјуардеса му кршела шишиња вино од глава

Пишува: Точка

23-годишниот Џозеф Худек, предизвикал хаос на летот на "Delta Airlines" од Сиетл до Пекинг во четвртокот, кога се обидел да ја отвори вратата од авионот кој се наоѓал на неколку илјади метри над океанот.

Худек наеднаш се затрчал кон вратата од авионот, а неколку патници се обиделе да го спречат. Потоа зграбил шише вино и почнал да удира луѓе, а една од стјуардесите му го одземала и го скршила од неговата глава.

Му се заканува казна затвор и парична казна од 250.000 долари

Ни тоа не го спречило, па стјуардесата била принудена да употреби уште едно шише. Авионот морал да се врати на аеродромот во Сиетл, а Худек бил уапсен. На сослушувањето не дал изјава, а неговиот адвокат одбил да го коментира случајот. Во полицискиот извештај стои дека нарачал едно пиво на почетокот на летот и дека не изгледал алкохолизирано.

Обвинет е за попречување на работата на авионскиот персонал, поради што може да добие највисока казна од 20 години затвор, и 250.000 долари. Една стјуардеса и патник неколку пати удрил во глава и тешко ги повредил, поради што биле пренесени во болница.

No comments

Powered by Blogger.