Најморничаво видео некогаш снимено: Провоцирал мечка па животното се изнервирало, го повлекло во кафез и измасакрирало!

Пишува: Точка

Мечката го однела во својата јама и започнала да се подготвува да се нагости со пленот...
Голема мечка во заробеништво брутално го нападнала Наипум Промратеа (36) на Тајланд, откако тој ја провоцирал држејќи ѝ чинија ориз над главата, па животното го зграпчило и го повлекло во својот кафез.



Мечката потоа го удрила, по што се онесвестил, а потоа го одвлечкала во својата јама. Целата хорор сцена ја гледале пријателите на несреќникот кои се обидувале на сите можни начини да го спасат својот пријател удирајќи ја мечката и поливајќи ја со вода - но безуспешно.



Кога мечката го однела во својата јама и се подготвувала да се гости со својот веќе раскрварен плен, пријателите на несреќниот човек скокнале, му го одвлекле вниманието на животното и го тргнале својот пријател на сигурно.

Тој моментално е во болница каде што го оперираат и се чека да се опорави.




Наипум со пријателите тој ден дошол да го посети храмот во руралниот дел на Печабун провинцијата, каде што монасите чуваат неколку диви и домашни животни кои посетителите можат да ги хранат.

No comments

Powered by Blogger.