Судиите кои го спасија Сеад Кочан од притвор ќе одлучуваат и за притворите на Јакимовски, Грујевски и Бошковски


Пишува: ФОКУС

Истите судии кои го спасија бизнисменот Сеад Кочан од притвор, кој од СЈО е обвинет во случајот „Труст“ сега ќе одлучуваат и за притворите на екс шефот на кабинет на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, поранешениот началник на Петта управа, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошковски.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и судиите Ристо Катавеновски, Рахилка Стојковска, Џемали Саити и Фаик Арслани, како членови на Кривичниот совет, треба да одлучат и за слободата на обвинетите од СЈО.

No comments

Powered by Blogger.