Обединетите Арапски Емирати ги хакирале Катарците: Изговор за прекин на дипломатските односи...

Пишува: Точка

ОАЕ организирале хакерски напад на медиумските сајтови на катарската Влада, притоа објавувајќи лажна вест која што била искористена како изговор за прекин на односите на групата арапски земји со Катар, пренесува „Вашингтон Пост“.

Споменатиот американски медиум, повикувајќи се на изјавата на неименуван функционер во американската разузнавачка служба, која што добила информации од Владата на ОАЕ за планот на 23-ти мај.

Лажната вест се појавила следниот ден на веб страницата на новинската агенција на Катар „КНА“ со наводен цитат на изјава на емирот на Катар - шеик ТамимБин Хамад Ал Тани, во која што тој изнел пофални зборови за Иран и порачал дека Катар има одлични односи со Израел. Слични лажни изјави се појавиле и на профилот на катарската новинска агенција на социјалната мрежа Твитер.

Катарската новинска агенција набрзо објавила дека е хакирана и веднаш била отстранета лажната изјава, меѓутоа Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет во меѓувреме ги блокираа сите катарски медиуми и подоцна ги прекинаа сите дипломатски односи со Катар.



Во соопштението на амбасадата на Обединетите Арапски Емирати во Вашингтон, пишува дека информациите на „Вашингтон Пост“ се лажни и дека ОАЕ немаат никаква врска со хакирањето кое што се споменува.

Катарската криза може да ја загрози борбата на коалициските сили предводени од Соединетите Американски Држави против екстремистичката група Исламска држава поради тоа што сите учесници се американски партнери и припадници на Анти-ИСИС коалицијата.

Покрај тоа, во Катар се наоѓа најголемата американска воена база на Блискиот исток - разместени се над 10 илјади американски војници, како и Централната команда за Блискиот исток, додека во Бахреин се наоѓа американската Петта флота.



Новинската агенција „АП“ пренесува дека претседателот на САД, Доналд Трамп силно ги поддржува Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати во спорот со Катар, а со тоа и нивните тврдења дека Доха ги поддржува терористичките организации меѓу кои и Исламската држава, а ги дестабилизира и силите на Блискиот исток.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон неодамна имаше дипломатска турнеја во земјите од Персискиот залив, но ја заврши посетата без видливи знаци дека постои било какво решение на кризата.

No comments

Powered by Blogger.