Пронајдено нацистичко богатство во длабочините на морето: Еве како овој бронзен орел може да ѝ помогне на една земја

Пишува: Точка

Огромниот бронзен орел од 350 килограми со грбот на свастиката, кој што пред десетина години беше пронајден во длабочините на морето, би можел на Уругвајците да им донесе 50 милиони долари, па дури и да ја препороди нивната војска.

Адмирал Граф Спи бил германски воен брод кој што за прв пат испловил во 1932-ра година, а седум години подоцна бил нападнат во близина на ургувајскиот брег.

Секако, во Уругвај веднаш се прошириле гласини дека во потонатиот нацистички брод има големо богатство, а во 2006-та година, тим под водство на Алфред Ечегарај успеал да го пронајде орелот со грбот на свастиката во потрагата која што делумно ја финансирала уругвајската влада.



Бронзениот орел е висок 2 метри, а широк 2,8 метри и тежи околу 350 килограми. После неговото пронаоѓање, тој бил изложен одредено време, а потоа уругвајската влада го сокрила на безбедно место кое што го чувала тамошната армија.

„Историјата треба да биде пред очите на јавноста за да се исправат грешките од минатото. Орелот се чува во кутија која што ја чува армијата. Не е на продажба и не е изложен, а ние само сакаме да бидеме наградени за нашиот труд“, изјави Ечегарај.



Инаку, се проценува дека доколку би бил ставен на аукција, нацистичкиот бронзен орел би можел да достигне цена од над 50 милиони долари. Врховниот суд на Уругвај донесе одлука ловците на богатство да имаат право на 50 проценти од профитот, доколку орелот биде ставен на аукција и продаден.

Хорхе Гандини, пратеник во уругвајскиот парламент, предложи орелот да биде ставен на аукција и продаден, а со парите да биде зајакнат воениот капацитет на земјата, откако претходно министерот за одбрана Хорхе Мендез укажа на неопходноста од зголемувањето на трошоците за одбрана.

No comments

Powered by Blogger.