Кошмарно летување: Тинејџери во популарното турско летувалиште сексуално нападнати два пати во четири дена

Пишува: Точка


Тинејџерите велат дека летувањето им било уништено и дека сакаат да ги предупредат другите на опасноста што постои во популарното туристичко место.

Четири британски тинејџери по прв пат во животот отишле на патување надвор од границите на својата земја, кога, како што тврдат, два пати сексуално биле нападите - а полицијата ги игнорирала нивните повици за помош.

Три девојки и едно момче престојувале во хотелот Савк во Аланија на турскиот брег, а 19-годишна девојка тврди дека третата ноќ сексуално била нападната од еден вработен во хотелот, и дека морала да го турне. 



Следната ноќ друга девојка од тоа друштво рекла дека била нападната на плажа и морала да бега од група мажи, јавува британски Sun

Кога друштвото се обидело да ги пријави инцидентите, велат дека на рецепцијата само им се насмеале.



Младите Англичани потоа отишле во полиција, каде раскажале што се случило, но ни тие не реагирале.

Хотелскиот персонал известил дека групата млади пиела и дека била во "потрага по групен секс".



Мајката на една од девојките рекла дека потоа се посоветувале со британската амбасада, од каде ги советувале да го напуштат подрачјето.

"Беа на своето прво летување во странство и тоа што им се случи ми го крши срцето. Тоа беше стресно за сите родители, бидејќи сакавме да им помогнеме, а не можевме. Потрошивме стотина фунти на мобилен во обид да го решиме проблемот", рекла загрижената мајка.



На страната LastMinute, преку која британските туристи го резервирале сместувањето, рекле дека тинејџерите не можеле да обезбедат друго сместување, бидејќи другите хотели во тоа време не биле слободни.

No comments

Powered by Blogger.