Масакр во летувалиште во Мексико: Вооружени мажи започнале да пукаат на плажата, тројца мртви

Пишува: Точка

Најмалку три лица загинаа, а двајца се повредени кога вооружени мажи нападнале група луѓе на плажа во мексичкото летувалиште Лос Кабос, соопшти денес владата на Мексико.

Од канцелариите на мексичката држава Баја Калифорнија соопштиле дека нападот се случил во неделата попладне по локално време на влезот на плажата Палмила, пренесуваат AP.



За сега не е познат мотивот на напаѓачите, наведуваат од канцеларијата на Баја Калифорнија.


Тие наведуваат дека плажата била преполна со туристи и Мексиканци и странци кога започнало пукањето, по што полицијата ја евакуирала областа.

No comments

Powered by Blogger.