Барала богати мажи, а потоа ладнокрвно ги убивала: Зборовите на "Црната вдовица" на Суд ја замрзнува крвта во вени

Пишува: Точка

Сите мажи имале помеѓу 70 и 80 години, а наводно ги убила во периодот од 2007-ма година до 2013-та.

Јапонската затвореничка е осомничена за убиство на најмалку четворица мажи кои претходно ѝ биле партнери, а за убиството на последниот, односно четвртиот сопруг, во понеделникот сама го признала убиството.

Чисако Какехи беше уапсена уште во 2014-та година, а на суд последен пат се појави минатата недела во Кјото - тука таа изјави дека "без грешка го убила својот сопруг", додека адвокатскиот тим веќе три години се обидува да ја одбрани врз основа на "ментална нестабилност".



Оваа 70-годишна жена убиството го "оправдала" со фактот дека нејзиниот сопруг, откако се венчале, не ѝ давал пари и не се грижел соодветно финансиски за неа. Цијанидот со кој го отрула, наводно го земала од колега од работа.

"Немам намера да ја кријам вината. Ако утре ме осудите на смрт, само добро ќе се насмеам пред да умрам", изјавила Какехи, пренесува BBC.

За време на истрагата се испоставило дека осомничената со цијанид убила уште двајца поранешни партнери, а сите сомнежи започнале кога починал нејзиниот последен сопруг во 2013-та година, само месец дена откако се венчале. За време на обдукцијата во телото му нашле траги од цијанид, па смртта на сите нејзини поранешни сопрузи станала сомнителна.

Тужителите тврдат дека со сите нив била бидејќи тие биле богати. Сите мажи имале помеѓу 70 и 80 години, а наводно ги убила во период од 2007-ма до 2013-та година. Покрај сомнежите дека ги убила поранешните партнери и последниот сопруг, таа зад себе има уште тројца мртви сопрузи но нивната смрт не ѝ се припишува бидејќи денес нема како да се докаже. Адвокатите на обвинетата тврдат дека таа страда од деменција и дека не може да се сети што направила. Јапонските медиуми ја нарекуваат "Црна вдовица" а судењето ќе продолжи во ноември.



Инаку таа во 2014-та година тврдеше дека никого не отрула и дека нема начин како би можела да стигне до отровот.

No comments

Powered by Blogger.