Мистериозни угризи: Ги натопил нозете во море, а неколку минути подоцна бил облеан со крв!

Пишува: Точка

Момчето не ни забележало дека станало жртва на мистериозно морско суштество.

Тинејџер од Австралија, Сем Кенизеј (16) само сакал да се релаксира по фудбал играта со пријателите и ги потопил нозете во морето на плажата во Брајтон. Половина час подоцна кога излегол од вода, од неговите нозе течела крв во големи количини, пренесува New York Times.



Лекарите и научниците биле запрепастени од неговите рани и фактот дека тој не забележал ништо.

Останува нејасно што точно го нападнало.





Водечката теорија е дека станува збор за морски вошки - група малечки членконоги, обично паразити на рибите, кои најчесто се хранат од месото на мртвите риби.



Кога ќе каснат човек најчесто оставаат траги слични на осип.

Таткото на Сем, Џерод, изјавил дека тој дошол дома со "повреди како од војна" и дека крварењето не можело да запре. Џерод одлучил да истражи за што се работи па ставил парче сирово месо во водата каде што неговиот син бил нападнат. Снимал и го објавил видеото на кое се гледаат стотици мали морски суштества како се хранат со месото.



Прашањето е сепак, дали овие паразити од видеото се тоа што го нападнало неговиот син? Алистер Пур, професор од Универзитетот во Нов Јужен Велс вели дека тоа на видеото не се морски вошки туку амфиподи, за кои досега не е познато дека билокога нападнале луѓе.





"Можете да привлечете многу животинки во морето со помош на сирово месо. Видеото е интересно, но не докажува дека тие му ги искасале нозете", додал.

Тој смета дека причината што морските паразити или слични суштества ги нападнале стапалата на Сем во толкав број е најверојатно бидејќи во таа област има голем број на мртви риби, па поради тоа и тие биле во огромен број.





Експертите велат дека ваквите случаи се екстремно ретки и нема причина за паника.

No comments

Powered by Blogger.