Руските бомбардери нападнале цели на ИД со најмодерни ракети

Пишува: Точка

Руските бомбардери во напад на позициите на Исламската држава (ИД) во Сирија користеле модерни ракети „X-101“. Во нападот биле погодени магацини и командниот центар на терористите од ИД.

Руските бомбардери „Ту-95МС“ нападите ги извршиле на границата помеѓу провинциите Хама и Хомс, се наведува во соопштението на руската војска кое го пренесе „Раша тудеј“.

„Три големи магацини за муниција и команден центар се уништени кај градот Акрабат“, стои во соопштението.

Најновите ракети „X-101“ биле користени во овој напад. Иако ефективниот дострел на ракетите е 4.500 километри, нападот бил извршен од далечина од 1.000 километри.

Авионите полетале од базата кај градот Енгелс, во јужниот дел на Русија.

No comments

Powered by Blogger.