Генијална реакција на мајка откако ѝ рекле да се покрие додека го дои детето во музеј

На една мајка од Британија неодамна ѝ рекле да се покрие бидејќи го доела своето едногодишно синче во музејот Викторија и Алберт во Лондон.

Пишува: ЦрноБело

Мајката вели дека еден вработен од музејот ѝ пришол во истиот момент кога таа ја тргнала облеката за да може да го дои синот, а ѝ бил откриен многу мал дел од градата.

Во Британија, доењето во јавност е заштитено со закон, па мајката била зачудена на ваквиот однос. По инцидентот, таа својата реакција ја искажала преку објави на нејзиниот Твитер профил.



Нејзините објави веднаш биле споделени и тоа повеќе од 7.000 пати. Таа се обидела да ја докаже нелогичноста на вработените во музејот со споделување на фотографии од скулптурите кои се наоѓаат таму.







На сите фотографии, оваа паметна мајка има напишано комични наслови кои ја покажуваат апсурдноста на ваквата одлука на музејот.





„Ќе те избркам од музејов поради голите гради“!

„Ама јас сум од мермер.“

“Уф, извини, океј е тогаш.“





„Извинете госпоѓо, ќе може да си ги покриете градите со маскава додека доите“?

Откако привлече огромно внимание на социјалните мрежи, раководството од музејот се извини за овој непријатен настан и изјави дека се зачудени од реакцијата на вработените бидејќи нивната политика дозволувала доење во музејот.

No comments

Powered by Blogger.